На лондонскиот аеродром „Хитроу“, хаосот стана толку интензивен, меѓу бескрајните редици, неконтролираното доцнење и откажување на летовите и екстремно малиот број на ракувачи со багаж, кои ги поврзуваат патниците со нивните торби, што аеродромот презеде драстичен потег за ограничување на продажбата на авио-билети, додека не го стабилизира своето делување.
Можеби ова е најистакнатиот пример за хаосот на аеродромите летово, но не би можело да се рече дека е и најлош. Според новообјавените податоци од „Хопер“ (Hopper Inc.), онлајн туристичката агенција поддржана од „Голдман“, чии корени се во авијацијата и големите податоци, „Хитроу“ дури и не се рангира меѓу најлошите 10 европски аеродроми за доцнење овој месец. Всушност, аеродромот го зазема 15-тото место на таа листа, со просечно одложување на 51 отсто од неговите летови од почетокот на јули.
Податоците на страницата се собрани преку Official Aviation Guide, водечки снабдувач на дигитални информации за летови и аналитика за аеродроми, авиокомпании и туристички компании, со цел клиентите да бидат информирани за одложувањата на нивните резервирани рути. Бројките, кои одразуваат тридневно задоцнување, се поактуелни од кој било јавен извор на податоци.
Во продолжение, ова се 10 аеродроми кои моментно се рангирани како најлоши во доцнењата според „Хопер“, заедно со 10 аеродроми кои всушност имаат релативно глатко лето со навремени перформанси.
И иако е вистина дека сите најлошо рангирани имаат послаби резултати во споредба со „Хитроу“, портпаролот на „Хопер“ го извлече следниов контекст: „Во обем, 'Хитроу' е многу поголем од повеќето аеродроми, а нашето рангирање се заснова на процентот на доцнења, а не на бројот на луѓе засегнати од истите“.
Со други зборови, не ги земајте податоците во апсолутна смисла, туку земете предвид дека одложувања претстојат и понатаму. Ако вашите планови за патување се флексибилни, можеби е вредно да размислите за презакажување за да го минимизирате ризикот.
Најлоши 10 аеродроми во Европа за одложени летови (јули 2022 година)
Аеродром во Брисел (BRU)
Брисел, Белгија
72 отсто одложени, 2,5 отсто откажани
Меѓународниот аеродром во Франкфурт (FRA)
Франкфурт, Германија
68 отсто одложени, 7,8 откажани
Аеродром Ајндховен (EIN)
67 одложени, 1,8 отсто откажани
Аеродром Лутон (LTN)
Лондон, Обединето Кралство
66 отсто одложени, 2,7 отсто откажани
Меѓународен аеродром Лист Ференц (BUD)
Будимпешта, Унгарија
65 отсто одложени, 2,1 отсто откажани
Аеродром во Лисабон (LIS)
Лисабон, Португалија
65 отсто одложени, 4,8 отсто откажани
Аеродром Шарл Де Гол (CDG)
Париз, Франција
62 отсто одложени, 3,1 отсто откажани
Аеродром Шипхол (AMS)
Амстердам, Холандија
61 отсто одложени, 5,2 отсто откажани
Аеродром на Азурниот брег (NCE)
Ница, Франција
60 отсто одложени, 3,4 отсто откажани
Аеродром Гетвик (LGW)
Лондон, Обединето Кралство
59 отсто одложени, 1,4 отсто откажани
Најдобрите 10 аеродроми во Европа за навремени полетувања (јули 2022 година)
Аеродром Бергамо/Орио ал Серио (BGY)
Бергамо, Италија
3 отсто одложени, 1,0 отсто откажани
Аеродром Гран Канарија (LPA)
Гран Канарија, Шпанија
8 отсто одложени, 0,3 отсто откажани
Меѓународен аеродром Отопени (OTP)
Букурешт, Романија
10 отсто одложени, 1,7 отсто откажани
Меѓународен аеродром Даблин (DUB)
Даблин, Ирска
15 отсто одложени, 1,6 отсто откажани
Аеродром Фонтанароса (CTA)
Катанија, Италија
16 отсто одложени, 1,1 отсто откажани
Аеродром Адолфо Суарез-Барахас (MAD)
Мадрид, Шпанија
19 отсто одложени, 0,4 отсто откажани
Аеродром Аликанте (ALC)
Провинција Аликанте, Шпанија
20 отсто одложени, 3,4 отсто откажани
Аеродром Марсеј (MRS)
Марсеј, Франција
20 отсто одложени, 2,0 отсто откажани
Орли Филд (ORY)
Париз, Франција
21 отсто одложени, 1,2 отсто откажани
Аеродром Малага (AGP)
Малага, Шпанија
24 отсто одложени, 3,3 отсто откажани