„Рокстар гејмс“ (Rockstar Games), одделот на „Тејк ту интерактив“ (Take-Two Interactive Software Inc.), планира неделава да го објави долгоочекуваното шесто продолжение на видеоиграта ГТА (Grand Theft Auto), според извори запознаени со прашањето.
Компанијата планира да објави трејлер за ГТА 6 следниот месец за да ја прослави 25-годишнината од „Рокстар“, велат упатените извори, кои побараа да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат јавно. Портпаролот на „Рокстар“ не одговори веднаш на барањето за коментар, по работното време.
Ниту една видеоигра не предизвика повеќе жар меѓу обожавателите и инвеститорите како ГТА 6, која се очекува да биде едно од најзначајните изданија за забава на деценијата. Нејзината претходничка ГТА 5 е продадена во повеќе од 185 милиони примероци и е втора најпродавана видеоигра на сите времиња - зад „Мајнкрафт' (Minecraft), која инаку имаше предност што може да се игра и на телефони.
„Рокстар“ ги мина изминатите неколку години работејќи на промена на својата корпоративна култура и рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, откако вработените се пожалија на т.н. исцрпување (burnout) за време на создавањето на претходната игра, „Црвениот мртов откуп 2“ (Red Dead Redemption 2) од 2018 година.
Прочитајте повеќе: Протекоа тајни снимки од развојот на видеоиграта ГТА 6
Минатата година хакери објавија неколкучасовни рани необработени снимки од ГТА 6. „Рокстар“ обвини за „упад во мрежата“ и соопшти дека „на прав начин ќе ја извести јавноста за следната игра кога таа ќе биде подготвена“. Двајца британски тинејџери годинава беа осудени за хакирање на судење во Лондон.
Играта е сместена во измислена верзија на Мајами и вклучува двајца протагонисти, маж и жена, објави „Блумберг“.
„Тејк ту“ треба да ја пријави заработката в среда.