Грчкиот туризам годинава ќе се врати на нивото од 2019, односно пред пандемијата. Според шефот на Централната банка, заради одличните бројки и економскиот раст ќе биде повисок од прогнозите. Кога ги правеле проекциите за годинава, монетарните власти во Атина проектирале раст од БДП од 3,2 отсто под претпоставка дека туризмот ќе донесе 80 отсто од приходите остварени во 2019 година. Сега, бројките покажуваат дека грчкиот туризам годинава ќе се доближи целосно до резултатите од пред корона кризата. Ова значи дека и економијата ќе расте побрзо затоа што оваа гранка учествува со една петтина во вкупниот БДП.
Исто толкаво учество во економијата има туризмот и во Хрватска. Очекувањата таму се дека годинава прометот ќе изнесува 90 отсто од резултатите во рекордната 2019 година. Предсезоната во земјата е успешна, гостите се враќаат што значи дека побарувачката за оваа дестинација во сезоната ќе расте. Кампањата за привлекување гости тече на 15 пазари.
Србија, земја без море, податоците покажуваа дека годинава во првиот квартал има раст во секторот. Од јануари до март земјата добила 399 милиони евра од туризам што раст на девизниот прилив од 43.5 отсто.
Раст во туризмот има и во земјава, но бројките на статистика до мај покажуваат дека се далеку од предпандемиската 2019.
Заклучно со мај годинава, во земјава се регистрирани 71.627 туристи, од нив 48.978 биле странски. Бројот на гости во странство за истиот период е за 20.000 помал од 2019.
Сепак, првите пет месеци од годината се пред сезона, а очекувања на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се дека годинава ќе бидат реализирани над 2,5 милиони ноќевања што ќе донесе девизен прилив од над 400 милиони долари. Но, оваа очекувана бројка е за околу 760.000 ноќевање споредено со предпанедмиската 2019.
Според индексот на туристичкиот развој на Светскиот економски форум, земјава е рангирана на 87 место во светот од вкупно 117 земји. Од регионот Адриа подобро рангирани се Словенија (39), Хрватска(46) и Србија(70). Полошо рангирана е Босна и Херцеговина (95).