Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе предлог за определување краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на главниот осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.
Како што информираат од обвинителството, лицето е под сомнение дека извршил помагање на сторител по извршено кривично дело.
„Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставени до СВР Скопје во кои е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Република Бугарија и тоа со влез во Република Бугарија на преминот Калотина и излез од Република Бугарија на преминот Капитан Андреево (кон Републка Турција). И двете регистрации се за возило марка 'лeнд ровер', управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор“, се вели во соопштението.
Прочитај повеќе
Таткото на убиената Вања негира вмешаност во грабнувањето
Истражните органи вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот.
05.12.2023
По убиецот на Вања интензивно се трага, во злосторството е вклучен и член од семејството
Министерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека во случајот бил вклучен и член на семејството, а целта била да се изнудат пари од мајката на Вања.
04.12.2023
ЈОРМ: Пронајдено е безживотното тело на Вања Ѓорчевска
Девојчето биле убиено уште во понеделникот, само неколку часа откако исчезна
03.12.2023
Во конкретниот случај, како што посочуваат од обвинителстовото, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, можната казната и последиците од истото.
Министерството за внатрешни работи вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски, додека Кривичниот суд во Скопје на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски, првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Министерот за внатршени работи Оливер Спасовски вчера на прес-конференција рече дека МВР располага со информација, дека првоосомничениот земјата ја напуштил во придружба на неговиот адвокат. Најпрво побегнал во Белград, а потоа во Бугарија. Потоа во медиумите се огласи и адвокатот кој рече дека не знаел ништо за убиствата, а неговиот клиент го придружувал до Србија бидејќи му рекол дека мора да оди на лекар, а немал автомобил. Кога се вратил во земјава, ѝ ги соопштил сите информации на полицијата.