Иран го отфрли американскиот предлог во 15 точки за прекин на војната и постави услови за прекин на огнот, објави иранската „Прес ТВ“ (Press TV) во средата, цитирајќи висок функционер.
„Иран ќе ја заврши војната кога ќе одлучи да го стори тоа и кога ќе бидат исполнети неговите услови“, посочил функционерот, додавајќи: „Пред тоа нема да се водат никакви преговори“.
„Дефанзивните операции на Иран ќе продолжат сè додека не бидат исполнети неговите услови“, нагласил тој, опишувајќи го американскиот предлог како „претеран“.
Прочитај повеќе
Иран не прифаќа прекин на огнот, смета дека нема логика во преговорите со САД
Додека тензиите растат, Вашингтон подготвува дополнително воено распоредување на Блискиот Исток.
25.03.2026
Пентагон планира испраќање на елитна армиска единица на Блискиот Исток
САД планираат да распоредат околу 3.000 војници од 82-та воздушно-десантна дивизија на Блискиот Исток, објави „Волстрит џурнал“.
24.03.2026
Иран соопшти дека бродови кои не се непријателски можат да преминат низ Ормуз
Нацијата ги даде коментарите во писмо до членовите на Меѓународната поморска организација во вторникот.
25.03.2026
Функционерот ги изнел петте ирански барања, кој вклучуваат запирање на нападите и атентатите, гаранции против иден конфликт, исплата на воена отштета, прекин на борбите на сите фронтови во кои се вклучени сојузнички групи и признавање на авторитетот на Иран над Ормускиот теснец.
Коментарите доаѓаат откако висок ирански функционер за „Ројтерс“ изјави дека Пакистан го доставил американскиот предлог до Техеран и дека Турција или Пакистан би можеле да се сметаат како места за можни разговори.
Еве резиме од 15-те точки од американскиот план што, според иранските медиуми, властите во Техеран ги отфрлиле:
1. Ормутскиот теснец да остане отворен и да биде слободна зона за бродови
2. Балистичките ракети на Иран да бидат ограничени по број и дострел
3. Иранските ракети да бидат наменети само за самоодбрана
4. Иран да биде лишен од сите нуклеарни капацитети и објекти
5. Иран да се откаже од нуклеарно оружје
6. Нема да има збогатување на ураниум на иранска територија
7. Залихите на високо збогатен ураниум на Иран да бидат предадени на Меѓународната агенција за атомска енергија според договорен распоред
8. Нуклеарните централи Фордо, Исфахан и Натанц да бидат деактивирани и демонтирани
9. Иран да се обврзе на целосна нуклеарна транспарентност и поврзани независни инспекции
10. Иран да ја напушти парадигмата на поддршка на прокси терористички групи
11. Иран да престане да финансира и поддржува такви групи
12. Иран да прогласи крај на војната
13. Санкциите врз Иран да бидат укинати
14. САД да му помогнат на Иран со цивилна нуклеарна енергија во централата Бушер
15. Механизмот за враќање на санкциите да биде прекинат.