Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за можноста за запирање на нападите врз Иран само откако Ормускиот теснец повторно биде отворен, што ја зголеми неизвесноста околу продолжувањето на воената операција. Тој на социјалните мрежи наведе дека новиот ирански лидер побарал примирје, веројатно aлудирајќи на изјавите на Масуд Пезешкијан, кој претходно изјави дека Иран е подготвен да го заврши конфликтот под одредени гаранции.
„Размислуваме за тоа кога Ормускиот теснец ќе биде отворен, слободен и безбеден. До тогаш, го разоруваме Иран до темел“, изјави Трамп. Неговите коментари следат ден по изјавата дека САД би се повлекле од конфликтот без оглед на договорот со Иран или на отворањето на теснецот.
Иран го затвори Ормускиот теснец за поголемиот дел од бродовите веднаш по почетокот на воздушните напади на САД и Израел на 28 февруари, а досега не понудил услови или временска рамка за повторно отворање. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, истакна дека иднината на теснецот ќе зависи од Иран и Оман, нагласувајќи дека контактите со САД не значат почеток на преговори.
Прочитај повеќе
Синовите на Трамп им продаваат дронови на Емиратите
Компанија поддржана од синовите на американскиот претседател, преговара за продажба на оружје во ОАЕ.
01.04.2026
Трамп најавува повлекување од Иран во рок од две до три недели
По енормниот раст на нафтата и нестабилноста на пазарите, Трамп најавува повлекување од Иран за две-три недели, но исходот околу Ормускиот Теснец останува неизвесен.
01.04.2026
Што сака Саудиска Арабија од војната со Иран? Ќе се вклучи ли во неа?
За Саудиска Арабија се остварува најлошото сценарио од кое одамна се плашеше
31.03.2026
Трамп им порача на сојузниците сами да си го земат горивото преку Ормускиот Теснец
Претседателот Доналд Трамп им порача на сојузниците кои се борат да дојдат до авионското гориво блокирано низ Ормускиот теснец, едноставно „да го земат“, тврдејќи дека САД веќе доволно го ослабнале Иран.
31.03.2026
Во меѓувреме, Иран изврши ракетни напади во регионот, додека Израел и САД продолжуваат со бомбардирања петта недела по ред. Неколку земји, вклучувајќи ги Израел, Бахреин, Кувајт и ОАЕ, пријавија нови напади, додека танкер со гориво на „Катар енерџи“ (QatarEnergy) беше погоден во катарски води, што ја потенцира ранливоста на морскиот сообраќај и нарушеното снабдување со нафта, гас и ѓубрива.
Bloomberg
Трамп истакна дека САД постигнале дел од воените цели, вклучително спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје, и дека по воздушните напади врз високи ирански функционери, вклучувајќи го врховниот лидер Али Хаменеи, дошло до промена на власта, при што неговиот син Моџтаба го презел местото.
Претседателот најави можен крај на конфликтот за две до три недели, иако и претходно поставуваше па одложуваше слични рокови. Тој дополнително заплаши дека ќе ја уништи иранската енергетска инфраструктура доколку не се постигне договор за повторно отворање на теснецот.
Американската војска продолжува со распоредување на сили во регионот, вклучувајќи копнени трупи, додека трета ударна група носачи на авиони отпатува од Вирџинија кон Блискиот исток. Иран останува подготвен за конфликт во било која форма и нагласува дека не верува на Вашингтон и дека не очекува преговорите да донесат резултати.
До сега, според податоци од државни и хуманитарни организации, во конфликтот загинале повеќе од 5.000 лица, најголемиот дел во Иран, додека повеќе од 1.300 загинале во Либан во борбите меѓу Израел и Хезболах.
Блокадата на Ормускиот теснец, низ кој поминува околу петтина од светскиот извоз на нафта и течен гас, останува нерешен проблем и претставува значителен ризик за глобалното снабдување со енергенти. Британија и уште 34 земји работат на дипломатска иницијатива за повторно отворање на теснецот, додека Трамп ги повика другите држави да преземат поголема улога во контролата на безбедноста во регионот.
Последиците од конфликтот веќе се чувствуваат економски - цените на горивата во САД се зголемија за околу четири долари по галон, што може да ја загрози политичката поддршка за Републиканската партија пред претстојните избори на половина мандат.
Според извори запознаени со ситуацијата, Трамп е свесен дека моменталната состојба е неодржлива, а земјата ќе мора да преземе чекори за стабилизација на регионот и глобалните енергетски пазари.