Американските сили го спасиле пилотот кој исчезна во петокот откако Иран собори американски борбен авион, соопшти претседателот на САД, Доналд Трамп.
Спасувачката операција за членот на екипажот на авионот F-15E била изведена со учество на десетици американски воени летала, објави Трамп на социјалните мрежи. Според информациите, акцијата траела два дена и вклучувала стотици припадници на специјалните сили, додека американските авиони бомбардирале и напаѓале ирански конвои за да ги држат подалеку од местото каде што се криел пилотот.
„Овој храбар војник беше зад непријателските линии во опасните планини на Иран. Има повреди, но ќе биде добро“, изјави Трамп.
Прочитај повеќе
Трамп одново се закани со хаос во Иран додека САД трагаат по исчезнатиот пилот
Иран има 48 часа да прифати мировен договор или следуваат жестоки удари, порача американскиот претседател.
04.04.2026
Нов удар во Заливот: падна и американски А-10 кај Ормускиот теснец
Иран гаѓаше дополнителни цели во арапските држави во Заливот, неколку часа откако Трамп упати нови закани кон иранската енергетска инфраструктура со цел да изврши притисок врз Техеран да започне мировни преговори.
03.04.2026
САД спасија еден член од екипажот на борбениот авион Ф-15 соборен во Иран
Американските сили извлекле еден пилот од соборениот Ф-15, а спасувачката операција продолжува за вториот член од екипажот во Иран
03.04.2026
Авионот, во кој имало две лица, бил соборен во петокот. Другиот член на екипажот бил спасен претходно, но американските власти не ја објавиле детали за да не ја загрозат втората спасувачка операција. Иранските медиуми претходно објавија дека Техеран понудил награда од околу 66.000 долари за секој што ќе го зароби исчезнатиот пилот жив.
Соборувањето на американскиот авион и потрагата по пилотот претставуваат сериозен удар за имиџот на американската воена надмоќ, особено во време кога Трамп тврди дека САД имаат контрола врз иранскиот воздушен простор. Аналитичарите оценуваат дека овој инцидент отвора прашања околу тие тврдења.
Во меѓувреме, Трамп повторно се закани дека ќе „истури сиот пекол“ врз Иран, наведувајќи дека рокот од 10 дена за постигнување мировен договор истекува. Тој предупреди дека доколку Техеран не ги прифати условите и не го отвори Ормускиот теснец за бродски сообраќај, САД би можеле да извршат напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Иран.
Иран, пак, најави дека Ирак ќе биде изземен од ограничувањата за пловидба низ протокот, што би овозможило извоз од околу три милиони барели нафта дневно, иако конечната реализација зависи од подготвеноста на бродските компании да го користат овој ризичен пат.
Во исто време, Техеран продолжи со напади врз земјите во регионот. Во Кувајт, седиштето на КП (Kuwait Petroleum Corp.) се запалило по напад со дрон, при што оштетена е и зградата на министерството за нафта. Дополнителни напади погодиле електрани и постројки за дестилација, предизвикувајќи значителна материјална штета.
Бахреин соопшти дека неговите служби се справуваат со пожар предизвикан од ирански напад, додека Обединетите Арапски Емирати информираа дека нивните системи за одбрана активно пресретнуваат ракети и беспилотни летала.
Израелската војска, пак, соопшти дека погодила петрохемиски комплекс во југозападен Иран, за кој тврди дека бил поврзан со воено производство. Иранските медиуми објавија дека во нападот загинале пет лица, а околу 170 биле повредени.
Дополнително, напади во близина на нуклеарната електрана Бушер довеле до смрт на еден припадник на обезбедувањето, иако главните делови на објектот не биле оштетени.
Конфликтот меѓу САД, Иран и нивните сојузници продолжува да ескалира, без јасни знаци за брзо смирување на состојбата.