Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во вторник ќе изврши напади врз електрани и мостови во Иран, повторувајќи ја заканата за удари врз цивилна инфраструктура доколку не се отвори Ормускиот теснец.
Во објава на социјалните мрежи во неделата наутро, исполнета со остар речник и вулгарни зборови, Трамп порача дека Иран ќе се соочи со „пекол“ ако поморскиот пат не биде отворен за сообраќај.
„Вторник ќе биде Ден на електрани и Ден на мостови, сè во едно, во Иран. Нема да има ништо слично на тоа!!! Отворете го проклетиот теснец луди ко****ња, или ќе живеете во пекол – само гледајте! Слава на Алах“, напиша Трамп.
Прочитај повеќе
„Најголемиот мост во Иран ќе падне“ - Трамп се закани со напади врз иранската инфраструктура
Претседателот Доналд Трамп продолжи да се заканува со напади врз иранската инфраструктура во обид да изврши притисок врз Техеран во преговорите.
03.04.2026
Трамп за војната во Иран: Смирувачки пораки и закани истовремено
Претседателот Доналд Трамп вели дека војната во Иран се ближи кон својот крај, но во исто време најавува нови напади во следните две-три недели.
02.04.2026
Нов став на Трамп: Нема крај на војната додека не се отвори Ормускиот теснец
Трамп го поврза крајот на војната во Иран со повторното отворање на Ормускиот теснец и најави продолжување на нападите додека преминот не стане безбеден.
01.04.2026
Синовите на Трамп им продаваат дронови на Емиратите
Компанија поддржана од синовите на американскиот претседател, преговара за продажба на оружје во ОАЕ.
01.04.2026
Трамп најавува повлекување од Иран во рок од две до три недели
По енормниот раст на нафтата и нестабилноста на пазарите, Трамп најавува повлекување од Иран за две-три недели, но исходот околу Ормускиот Теснец останува неизвесен.
01.04.2026
Truth social/Printscreen
Трамп и претходно се закани со напади пред две недели, но двапати го продолжи рокот за Иран да го отвори теснецот, тврдејќи дека има позитивни сигнали во преговорите. Сепак, досега има малку јавни знаци за напредок кон дипломатско решение на конфликтот.
Американскиот претседател и во саботата се закани дека Иран ќе се соочи со „целосен пекол“ во рок од 48 часа доколку не постигне договор или не го отвори теснецот.