Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека војната во Иран е „многу блиску“ до завршување, иако истовремено рече дека САД планираат нови напади врз таа земја во наредните дв-три недели.
Во ретко обраќање во ударен термин во средата, Трамп ја претстави војната како успех, наведувајќи дека операцијата речиси ги остварила своите воени цели, вклучувајќи уништување на иранските балистички ракети и дронови, воздухопловството, морнарицата и индустриската база. Тој рече дека овие чекори ќе ги спречат сојузниците на Техеран да го дестабилизираат регионот и ќе го пресечат патот на Иран кон нуклеарно оружје.
„Вечерва ми е задоволство да кажам дека овие клучни стратешки цели се приближуваат до исполнување“, рече Трамп, говорејќи во средата вечер од Белата куќа околу 20 минути. „Ќе ја завршиме работата. И ќе ја завршиме многу брзо, многу сме блиску.“
Прочитај повеќе
Нов став на Трамп: Нема крај на војната додека не се отвори Ормускиот теснец
Трамп го поврза крајот на војната во Иран со повторното отворање на Ормускиот теснец и најави продолжување на нападите додека преминот не стане безбеден.
01.04.2026
Синовите на Трамп им продаваат дронови на Емиратите
Компанија поддржана од синовите на американскиот претседател, преговара за продажба на оружје во ОАЕ.
01.04.2026
Трамп најавува повлекување од Иран во рок од две до три недели
По енормниот раст на нафтата и нестабилноста на пазарите, Трамп најавува повлекување од Иран за две-три недели, но исходот околу Ормускиот Теснец останува неизвесен.
01.04.2026
Што сака Саудиска Арабија од војната со Иран? Ќе се вклучи ли во неа?
За Саудиска Арабија се остварува најлошото сценарио од кое одамна се плашеше
31.03.2026
Трамп им порача на сојузниците сами да си го земат горивото преку Ормускиот Теснец
Претседателот Доналд Трамп им порача на сојузниците кои се борат да дојдат до авионското гориво блокирано низ Ормускиот теснец, едноставно „да го земат“, тврдејќи дека САД веќе доволно го ослабнале Иран.
31.03.2026
Обраќањето на претседателот на САД дојде во момент кога тој бара излез од конфликтот, кој брзо излезе од контрола. Наместо да ги смири пазарите и да најави брз крај на војната, некои од неговите коментари ги вознемирија инвеститорите. Приносите на американските обврзници пораснаа, доларот зајакна, додека цената на нафтата скокна по изјавите на Трамп. Фјучерсите на американските акции паднаа. Трамп рече дека воените операции „наскоро може да ескалираат“, наведувајќи дека „во наредните две-три недели ќе го вратат (Иран) во камената доба, таму каде што му е местото“.
Тој навести дека дипломатијата ќе продолжи, додавајќи: „Во меѓувреме, разговорите се во тек.“ Ако не се постигне договор, Трамп се закани дека „многу силно и веројатно истовремено ќе ја погоди секоја нивна електроцентрала“.
Во пресрет на обраќањето на Трамп, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повлече необичен потег и објави писмо упатено до американскиот народ, тврдејќи дека неговата земја не е непријателски настроена кон САД. Тој предупреди дека „продолжувањето на конфронтацијата е поскапо и побесмислено од кога било досега“ и рече дека нападите врз инфраструктурата - вклучувајќи енергетски и индустриски објекти - директно го погодуваат иранскиот народ. Родриго Катрил, стратег за валути во НАБ (National Australia Bank), оцени дека стратегијата на Трамп за ескалација со цел деескалација „не е без ризик“.
„Пазарот очигледно се фокусира на тоа дека војната не е завршена, дека САД тежнеат кон ескалација и се надева дека тоа ќе го принуди Иран на договор“, рече Катрил.
Ормускиот Теснец, клучен поморски пат низ кој поминува петтина од светската трговија со нафта, во голема мера е затворен од почетокот на конфликтот, што претставува сериозен економски проблем. Статусот на теснецот ги држи трговците во неизвесност, додека цената на брентот - глобалниот референтен стандард - порасна за околу 60 отсто од почетокот на војната, а цената на бензинот во САД надмина четири долари по галон.
Трамп упорно истакнува дека енергетските шокови ќе се ублажат по завршувањето на војната, но во говорот не изнесе план како САД би го убедиле Иран повторно да овозможи премин низ теснецот. Тој ги повика сојузниците што зависат од нафта од Блискиот Исток „да ја преземат грижата за тој премин“.
„Мора да го преземат и да го чуваат“, рече тој.
Bloomberg
Политички ризици
Одлуката на Трамп да ѝ се обрати на нацијата укажува на растечки притисок појасно да ги претставува воените цели пред американската јавност. Во некои делови говорот личеше на обраќање што претседателите обично го одржуваат на почетокот на конфликт, а не повеќе од еден месец по неговото избувнување. Говорот започна со зборовите дека сака да „објасни зошто операцијата ‘Епски гнев’ е неопходна за безбедноста на Америка и сигурноста на слободниот свет“.
Долготраен конфликт носи политички ризици за Трамп и Републиканската партија пред ноемвриските избори за Конгресот. Истражувањата покажуваат дека значителен број Американци веќе не го одобруваат конфликтот со Иран, што дополнително ги оптоварува републиканците, кои веќе се соочуваат со негативни перцепции на гласачите за економската политика на Трамп. Војната се заканува дополнително да ја влоши загриженоста за високите трошоци за живот.
Трамп во средата ги повика Американците на трпение и да „го согледаат овој конфликт во поширок контекст“, потсетувајќи дека американското учество во Првата и Втората светска војна, Корејската војна, Виетнамската војна и војната во Ирак траело со години, додека конфликтот со Иран трае „само 32 дена“.
Претседателот на САД им оддаде почит на 13. американски војници загинати во конфликтот, но рече дека нивните загуби дополнително ја зацврстиле неговата решеност да продолжи со борбата додека не се остварат целите
Трамп и неговите советници од почетокот на војната испраќаат мешани пораки.
Тој велеше дека војната брзо ќе заврши, но потоа упатуваше нови закани кон Иран. Исто така тврдеше дека е отворен за договор со Исламската Република, за потоа да каже дека договор не е неопходен за завршување на војната.
Исто така испраќаше спротивставени пораки до сојузниците - истовремено тврдејќи дека на Вашингтон не му е потребна нивна помош, но и критикувајќи ги што не се вклучиле. На почетокот на конфликтот Трамп рече дека сака промена на режимот и улога во изборот на новото раководство на Иран, за подоцна да тврди дека до промена на режимот веќе дошло по бран напади во кои биле убиени високи воени и политички функционери. Сепак, политичката ориентација и идеологија на иранскиот режим останаа непроменети.