Откако САД преку посредници испратија предлог за прекин на огнот во 15 точки до Иран, за што информираа пакистански функционери во средата, Исламската Република ги отфрлила условите, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Иранската војска извршила нови напади врз Израел и регионот на Персискиот Залив во текот на ноќта, вклучувајќи напад што предизвикал огромен пожар на Меѓународниот аеродром во Кувајт, објави АП.
Пакистанските функционери изјавија дека мировниот план се фокусирал на олеснување на санкциите, соработка во цивилната нуклеарна енергија, ограничувања на ракетите, намалување на иранската нуклеарна програма и надзор од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ/IAEA).
Прочитај повеќе
Иран соопшти дека бродови кои не се непријателски можат да преминат низ Ормуз
Нацијата ги даде коментарите во писмо до членовите на Меѓународната поморска организација во вторникот.
25.03.2026
САД подготвија план од 15 точки за крај на војната со Иран, Трамп притиска за разговори
САД предлагаат план од 15 точки за крај на војната со Иран, една од нив е Техеран да се откаже од нуклеарното оружје и збогатување радиоактивен материјал.
25.03.2026
Пентагон планира испраќање на елитна армиска единица на Блискиот Исток
САД планираат да распоредат околу 3.000 војници од 82-та воздушно-десантна дивизија на Блискиот Исток, објави „Волстрит џурнал“.
24.03.2026
Преговори или манипулација: Волстрит се сомнева дека САД и Иран навистина разговараат
Најавата на Трамп за разговори со Иран ја смири цената на нафтата и ги подигна берзите, но Техеран ги негира контактите, а инвеститорите се сомневаат дека има вистински преговори.
23.03.2026
Исто така, планот вклучувал отворање на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Откако започнаa американско-израелските напади на 28 февруари, Иран значително го ограничи движењето на бродови низ овој клучен премин што се користи за транспорт на нафта, што резултираше со зголемување на глобалните цени на енергијата.
Претседателот Трамп во понеделникот изјави дека претходно најавените американски напади врз иранската енергетска инфраструктура нема да се случат во наредните пет дена, а како причина ги наведе „продуктивните разговори“ со Техеран. Тој истиот ден им кажа на новинарите дека американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговарале со нивните ирански колеги во неделата.
Во вторникот претседателот изјави пред новинарите дека тој, потпретседателот Венс и државниот секретар Марко Рубио, покрај Виткоф и Кушнер, исто така се вклучени во преговорите со Иран.
И покрај наводните разговори, Пентагон се подготвува да распореди околу 2.000 војници од 82-та воздухопловна дивизија на американската армија на Блискиот Исток, изјави извор запознаен со ситуацијата во вторникот.
Мохамад Багер Галибаф, претседателот на иранскиот парламент, претходно неделава негираше дека се одржуваат преговори меѓу Техеран и Вашингтон.
„Не се одржани никакви преговори со САД, а (лажните вести) се користат за манипулирање со финансиските и нафтените пазари и за излез од ќор-сокакот во кој се заглавени САД и Израел“, напиша тој на социјалната мрежа X.
„Aксиос“, повикувајќи се на израелски функционер, во понеделникот објави дека Виткоф и Кушнер биле во контакт со Галибаф.