Што може да се очекува на макроекономски план во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Еуриборот неделава падна под границата од четири проценти што се должи на зголемените очекувања на инвеститорската јавност Европската централа банка да почне да ги намалува референтните камати порано отколку што се предвидуваше. Анализираме како ќе се движи еуриборот во наредниот период од што ќе зависи и висината на кредитните рати во земјава за оние кредити што се врзани за оваа каматна стапка.
Истражуваме колку во Македонија се зголемени просечните температури во однос на прединдустрискиот период и како тоа влијае врз климатските промени.
Анализираме колку пари во предлог-буџетот за 2024 година ќе се одвојат за плати во администрацијата и дали постои опасност зголемувањето на платите повторно да ја подгрее инфлацијата.
Ќе следиме што ќе произлезе од новиот состанок на Банката на федерални резерви на САД во однос на каматните стапки, од што многу ќе зависат натамошните текови на пазарот на капитал. Исто така, ќе следиме и дали ЕЦБ ќе менува нешто во монетарната политика иако засега се очекува да нема промени на каматите до крајот на годинава.