Општо

Во Скопје стапуваат во сила мерки поради големата загаденост на воздухот

Автор: Bloomberg Adria

27 декември 2023, 13:02

Надминат е прагот за концентрација на честички со големина до 10 микрометри

Во градот стапуваат во сила веќе утврдените препораки и мерки

Во Скопје стапуваат во сила мерки поради големата загаденост на воздухот

Приватна архива

Bloomberg Adria

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека во Скопје е надминат прагот за концентрација на честички со големина до 10 микрометри и оти стапуваат во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух.

Во согласност со Уредбата во која е дефиниран прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредност од 150 mg/m3 во текот на два последователни дена) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), прагот е надминат на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје, се наведува во денешното соопштение од МЖСПП.

Врз основа на тоа, а во согласност со заклучоците од записникот од владината седница одржана уште на 28.11.2017 година, за градот Скопје стапуваат во сила следните препораки и мерки:

МЖСПП, во соработка со Министерството за здравство, е должно:

- Да им препорача на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

- Да им препорача на сите работодавци да го реорганизираат работното време и лицата што работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

- Да препорача да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

- Да обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата треба:

- Да ги задолжи сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа, да ја намалат (до 50 отсто) употребата на службените возила.

- Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и единиците за локална самоуправа, треба:

- Да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомниците.

- Да им даде поддршка на старите осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство треба:

- Да ја задолжи службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за бројот на повиците (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа, сè до завршувањето на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба:

- Да започне со вршење зачестена контрола на инсталациите што поседуваат дозвола А-ИСКЗ, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија, со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и ќе достави:

- Препорака до инсталациите што поседуваат дозвола А-ИСКЗ за намалување на капацитетот на производство (до 50 отсто), со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите што произведуваат топлинска или електрична енергија.

- ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините.

Сите новости од рубриката Политика

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Политика

Франција одново ја разгорува војната за пензиите поради зголемениот јаз во финансирањето
Општо

Франција одново ја разгорува војната за пензиите поради зголемениот јаз во финансирањето

Задржување на сегашниот праг за пензионирање (63 години) ќе чини плус 13 милијарди евра годишно, а зголемување на 65 години ќе значи дополнителни 17,7 милијарди евра јавни финансии.

пред 11 час

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

сите новости од рубриката Политика