Изминатите две години се покажа дека геополитичките тензии може значително да го влошат амбиентот за водење бизнис без разлика колку километри е далеку одреден воен конфликт. Анализираме какви се геополитичките очекувања за 2024 година и кои се најголемите ризици според менаџерите. Даваме прогнози за движењето на економијата следната година и одговор на прашањето дали има простор за страв од рецесија.
И покрај природните убавини што ги нудат македонските планини, нашата земја со години каска во развојот на скијачките центри во однос на останатиот дел од регионот и од Европа. Правиме споредба меѓу домашните и странските ски-центри.
Златото во текот на 2023 година имаше континуиран пораст и служеше како главно средство за заштита од високата инфлација. Анализираме какви се очекувањата за цената на златото во 2024 година.
Со заложбите за транзиција кон зелена енергија, светот полека влегува во трка за производство на батерии, анализираме какви можности нуди рециклирањето на батериите.
Иако изминаа 17 години од поптишувањето на новиот ЦЕФТА договор, колоните со камиони се‘ уште не исчезнаа од границите. Прашуваме дали има можност политичките несогласувања да се оттргнат од економската соработка со што Балканот конечно би станал зона за слободна трговија.
За крајот на неделата, даваме прогнози за движењета на пазарот на трудот во Македонија во 2024 година.