Цените на суровините се нестабилни од втората половина на 2021 година. По почетокот на војната во Украина во 2022, цените на нафтата достигнаа максимум, а потоа тоа се случи и со гасот и струјата. Резултатот беше високата инфлација со која светот сè уште се бори преку покачување на каматните стапки, тренд кој најверојатно ќе продолжи и во следниот период.
Што ни носи оваа година во однос на цените на суровините? Војната во Украина не е завршена, а конфликтот на Блискиот Исток е во полн ек. Освен енергентите, сега под ризик е и бродскиот транспорт. Имено, јеменската бунтовничка група Хути продолжува да го проблематизира поминувањето на товарните бродови низ Суецкиот канал во Црвеното море. Ова го поскапува транспортот.
Идната недела читајте уште кои други цени, освен на енергентите и транспортот, треба да ги следите во текот на 2024 година.
Зеленото финансирање станува се поактуелно и податоците покажуваат дека најголемите банки во светот повеќе заработуваат од него отколку од нафтата и гасот. Анализираме зошто е тоа така и колкаво е учеството на зелените кредити во македонскиот банкарски сектор.
Ќе направиме и преглед на потенцијалот на регионот Адрија за обновливи извори на енергија, но и за германскиот интерес за вложување во нив.
Во оваа 2024 година, според „Блумберг“, треба да бидеме оптимисти барем поради шест причини. Се работи за новите паметни уреди кои ќе станат достапни, кои се тие, читајте следната недела.
Следната недела, нашиот аналитички тим ќе ја објави најновата регионална анализа која, овој пат, се однесува на состојбите во хемиската индустрија.