Какви се најновите трендови во индустријата за безалкохолни пијалоци во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. На почетокот на новата година, аналитичари од пет земји од регионот даваат прогнози за движењата на светските и на регионалните берзи во 2024.
Истражувавме како функционира прекувремената работа во Македонија, дали работодавачите плаќаат повеќе за работните часови по завршувањето на работното време, колку се исплаќа по овој основ и какви се инспекциските наоди околу можните злоупотреби.
Во период кога борбата за родова еднаквост добива се поголемо внимание кај меѓународната и кај домашната јавност, анализираме каква е состојбата во Македонија и регионот кога е во прашање ангажманот на женската популација во финансискиот свет.
Вооружените напади во Црвеното море доведоа до прекини на бродскиот транспорт по една од главните пловни врски меѓу Европа и Азија. Анализираме што значи тоа за надворешната трговија односно дали има поскапување на транспортот од Азија кон Македонија и регионот.
Истражуваме каква е состојбата со таканаречените отпишани пласмани кај банките, како тоа влијае врз стапката на нефункционални кредити и дали банките некогаш ги наплатуваат дадените заеми кои се веќе избришани од билансите. Прогнозираме како ќе се движи курсот на еврото и доларот, презентираме какви услуги нуди компанијата „Старлинк“ на Елон Маск во Македонија и анализираме дали домашните интернет провајдери добиват нова конкуренција.