Какви се новите трендови кај индустриското производство и надворешнотрговската размена од овој сектор во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Во Германија почна пилот-проект за четиридневна работна недела, во кој се вклучени одреден број компании, а кој треба да покаже какви се резултатите од намалувањето на бројот на работни денови. Анализираме колку е реално четиридневната работна недела да стане практика и во Македонија.
Истражуваме какви се разликите во надоместоците и провизиите што ги наплаќаат македонските банки. Истовремено, анализираме какви се можностите за финансирање преку таканаречените перпетуални обврзници и какви се придобивките за инвеститорите.
Илон Маск неодамна соопшти дека успешно е реализиран првиот обид за вградување имплант-чипови во мозокот на човекот. Прашуваме стручни лица какви придобивки и опасности може да донесе новата технологија за човештвото.
Анализираме до каде е Македонија во остварувањето на целите за воведување обновливи извори на енергија во транспортот и какви се разликите во царинските давачки во регионот за увоз на автомобили.