Какви се најновите трендови во индустријата за електрични апарати за домаќинствата во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Анализираме кои се најтргуваните ЕТФ-фондови и дали инвеститори од Македонија пласираат средства во овие фондови.
Истражуваме колкав е недостигот од наставен кадар во Македонија и какво влијание има тоа врз наставата и врз образованието на младите генерации.
САД веќе најавува можни санкции во трговијата со Кина. Анализираме каков е увозот на Македонија од Кина и што би значеле за нашата земја евентуални бариери во тргувањето. Го претставуваме новото шоу „Фаундер Гејмс“ (Founder Games) во кое стартапи од Македонија ќе се натпреваруваат за шанса за реализација на нивните идеи во Сицилиумската долина.
Според новите истражувања, 40 проценти од македонските бизнисмени се сомневаат дека нивните фирми би преживеале без промени во работењето во следните десет години. Ги откриваме причините за ваквите размислувања и какви се можностите за приспособување на компаниите кон новите технологии и воопшто кон промените на деловната средина.
Се предлага нова регулатива која предвидува промени во правилата за управување со девизните резерви. Прашуваме какви новини носат новите прописи и што ќе значи тоа за девизните резерви на Македонија и за Народната банка.