Светот влегува во нова крипто треска. Цената на биткоинот е на работ на највисоко ниво на сите времиња, а застапниците на криптовалутите возбудено чекаат да бидат сведоци на досега невидениот раст. Но, во однос на пазарната вредност, токенот веќе достигна рекорд.
Добро утро, еве кои се другите пет вести кои треба да ги знаете за почеток на денот
Гасот од Германија е скап за европските земји, остануваат зависни од Русија
Европската енергетска солидарност е ставена под прашалник поради германската такса за прекугранична трговија со гас. Четири земји, членки на Европската унија се силно погодени од германската давачка, а проблемот може да стане поголем до крајот на година кога би требало дотокот на руски гас преку Украина до централна Европа комплетно да запре.
Германија ја воведе давачката за транспорт на гас во екот на енергетската криза во 2022 година, таа е со важност до март 2027 година и досега неколку пати е зголемувана. Во моментов изнесува 1,86 евра за мегават час. Трошокот на Австрија по овој основ во периодот од октомври 2022 до декември 2023 година изнесувал околу 39 милиони евра.
Шпиони во салата за состаноци
Финансиските фирми ангажираат безбедносни експерти за да им помогнат да се справат со војните и изборната година.
Џами Мишик, ветеранка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и нејзините колеги се дел од растечката легија на поранешни шпиони, дипломати и војници што се движат во банкарскиот сектор. Според „ССР персонел“ (SSR Personnel), фирма за регрутирање со седиште во Велика Британија, која им помага на државните службеници да најдат работа во приватниот сектор, бројот на финансиски позиции за кои е потребно искуство во разузнавањето се зголемил за 30 отсто во изминатата година.
Мишковиќ, „Делта холдинг“: Потребно е да се формира ексју регионална берза
Земјите од поранешна Југославија и Централна Европа да формираат регионална берза за тргување со акции, изјави Мирослав Мишковиќ, претседател на Управниот одбор на најголемата српска компанија „Делта холдинг“, говорејќи на „Копаоник бизнис-форум“.
Секогаш кога има јавен настап, а тоа е исклучително ретко, Мишковиќ привлекува регионално внимание, а во последниот најголемо внимание посвети на образованието, допре до вештачката интелигенција, земјоделството, но и пазарот на капитал.
Преценети акции: Големите очекувања носат и разочарувања
Вештачката интелигенција ги направи сè поатрактивни акциите во технолошките сектор, а особено значаен интерес на пазарите на капитал има за инвестирање во ЕТФ, вели во интервју за „Блумберг Адрија“ Горан Марковски, главен извршен директор на „КБ Публикум инвест“.
„Она што е интересно за ЕТФ од технологија и обем на средства е дека во принцип од почетокот на годинава во ЕТФ-технологија се слеани приближно 90 милијарди долари, што е историски најголем обем на средства. Во принцип, ваков прилив во текот на изминатите петнаесет години воопшто немало. Има зголемување во периодите на 2021 година, кога имаме враќање на ниво од 30-40 милијарди, меѓутоа ваков интерес досега немало. Тоа е првенствено поттикнато од, ајде да речеме, компаниите што се најатрактивни во сегментот на вештачката интелигенција“, вели Марковски.
Вредноста на златото достигна нов рекорд
Златото скокна на највисоко ниво на сите времиња, бидејќи шпекулациите за пресврт во политиката на Федералните резерви (Фед) и геополитичките ризици го поддржаа растот на благородниот метал.
Златната прачка поскапе за дури 1,3 отсто до 2.141,79 долари за унца, пред да ги намали своите добивки. Тоа го надмина претходниот рекорд од 2.135,39 долари поставен на 4 декември минатата година.