Банката на Јапонија (БоЈ), која до неодамна беше единствената голема централна банка во светот со негативни каматни стапки, ја промени својата монетарна политика и ги зголеми стапките по 17 години. Во останатиот дел од светот, каматните стапки се на историски највисоки нивоа, а расте оптимизмот дека годинава ќе почне да се намалуваат. Сепак, посериозно олабавување на монетарните политики се очекува следната година. Дотогаш, ќе расте цената на македонските задолжувања.
Добро утро, ова се петте вести важни за овој ден
Уште две аукции на граѓански обврзници до јуни: Каматата пониска?
Уште две нови аукции на граѓански обврзници ќе издаде Министерството за финансии во првата половина од годинава, а првата најверојатно и месецов. Според информации на „Блумберг Адрија“, конечните датуми за емисиите допрва се утврдуваат, а од Министерството за финансии потврдуваат дека аукциите се планирани.
Тие впрочем стојат и во календарот за емисија на државни хартии од вредност. Според него, една аукција на граѓански обврзници треба да има на крајот на месецов, другата е планирана за крајот на јуни.
Сметките за државните задолжувања допрва ќе растат
Од овој месец Министерството за финансии ќе почне да ја отплатува германската обврзница со која се задолжи во екот на енергетската криза, во септември 2022 година. Обврзницата наречена „Namensschuldverschreibungen“ или NSV, регистрирана од страна на Дојче банка беше во вредност од 250 милиони евра.
Оваа обврзница, според договорот, е со рок на отплата од три години и грејс период од 18 месеци, со каматна стапка од 3,75 отсто плус шестмесечен Еурибор. Во тоа време Еуриборот изнесуваше 1,85 отсто, сега изнесува близу 3,9 отсто.
Нови за стари долгови: Македонија годинава ќе позајми 623 милиони евра
Оваа 2024 – та е година во која се очекува пад на каматните стапки, процес кој следи по забавувањето на стапката на инфлација. И додека каматната политика ќе ја диктира цената на секој позајмен денар, ние анализираме какви се нашите планови за годинава.
Колку треба да раздолжиме по основ стари долгови, од каде ќе позајмуваме? Според буџетот за годинава, планирано е нето-задолжување на домашен пазар во висина од 272 милиони евра и 351 милион евра во нето износ кои ќе се позајмат од странство.
Растот на доларот нема значително да го зголеми македонскиот јавен долг
Ќе плаќа ли Македонија поголеми трошоци за јавниот долг по порастот на вредноста на доларот е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека дел од структурата на долгот е во долари и дека промената на девизниот курс носи ризици за зголемување на висината на отплатите.
Од Министерството за финансии велат дека во согласност со последните објавени податоци, заклучно со 31.12.2023 година, 5,9 отсто од јавниот долг е во долари.
„Стандард и Пурс“ даде прецизна дијагноза за проблемите во Град Скопје
Американската агенција за кредитен рејтинзи „Стандард и Пурс“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг „ББ-“ на главниот град на Македонија, Скопје со негативен изглед.
Оттаму информираат дека негативниот изглед ги одразува ризиците за намалување на оперативните приходи на Скопје, што, заедно со зголеменото трошење за јавни услуги и субвенции за општинските претпријатија може да доведе до дополнително исцрпување на готовината и акумулација на задоцнети обврски.