Какви се најновите прогнози за макроекономските показатели во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, истражуваме колкави се долговите на јавните претпријатија во земјава.
Откриваме колкав имот е ставен под хипотека во Македонија во изминативе неколку години и ја скенираме состојбата во градежниот сектор.
Анализираме кои компании од Македонската берза имаат најголема добивка по акција и истражуваме колку се платени менаџерите во домашните банки.
Со доаѓањето на пролетта, возачите ги менуваат пневматиците на своите возила и за таа цел презентираме кои автомобилски гуми се најдобри. Истражуваме и зошто сè повеќе кандидати за добивање возачка дозвола не успеваат брзо да го поминат практичниот дел од полагањето.
Прашуваме каква е состојбата со македонските нафтени резерви и зошто со години не се носи законот за биогорива.