Какви се најновите трендови во производството на струја од ветерни и соларни електроцентрали во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Откако се разгоре трговската војна меѓу Европа и Кина, пред сè поради давачките за увоз на кинески автомобили во ЕУ, анализираме каков може да биде посредниот ефект врз компаниите од автомобилската индустрија во земјава, чиј главен извозен пазар е германскиот.
Истражуваме колку македонските компании ја користат медијацијата за решавање на меѓусебните спорови и какви се придобивките од можноста за решавање на проблемите без судски процеси.
Анализираме какви се разликите во платите во регионите во Македонија и на што се должи различното вреднување на трудот. Правиме споредба на уделот на данокот и придонесите што се издвојуваат во земјава при исплаќање на платите во однос на просеците во регионот и земјите од ОЕЦД.