Какви се најновите трендови кај странските директни инвестиции во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Со оглед на тоа што вештачката интелигенција ги размрда пазарите и полека навлегува во сите економски сектори, прашуваме дали домашните финансиски институции размислуваат за воведување решенија базирани на вештачка интелигенција во секојдневното работење и на кој начин би ги користеле придобивките од неа.
Откриваме што се крие зад фразата „саксес порн“ (success porn) и дали во Македонија има поединци што практикуваат да ја користат.
Анализираме кои акции во регионот заслужуваат поголемо внимание и од кои причини. Истражуваме какво влијание има преголемата експонираност на децата на дигиталните медиуми и како да се заштитат од преголема употреба. Истовремено, откриваме зошто младите од таканаречената генерација зед не прифаќаат каква било работа и на кои начини би можеле да се збогатат во иднина.