Какви се најновите трендови на берзите во земјите од регионот Адрија и на пазарот на обврзници ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Ги претставуваме и резултатите од работењето на Народната банка во минатата година во услови на рестриктивна монетарна политика и висока инфлација.
Откриваме што се крие зад терминот клеверкарго (clevercargo), односно какви новини се воведуваат во транспортот на стока. Со оглед на тоа што на глобално ниво се зголемува бројот на денови што им се потребни на компаниите за да ги исплатат обврските, истражуваме каква е состојбата во Македонија.
Анализираме каков е пазарот на големите синџири маркети, какви се можностите за проширување во регионот и до каде се најавите за влегување нови брендови на македонскиот пазар.
Прашуваме какви се трошоците за струја што ги генерира користењето на вештачката интелигенција и ги детектираме проблемите што ги носи намалениот наталитет на пазарот на работна сила.