Какви се најновите трендови на пазарот на електрични возила ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, истражуваме колку се високи царините за увоз на различни типови возила во Македонија и колку ја зголемуваат нивната крајна цена, како и каде е најдобро да се полни бензин при патување во Европа.
Анализираме дали по рекордната инфлација во изминатиов период е можно намалување на цените на одредени производи или е време да им кажеме збогум на ниските цени. Следиме какви ќе бидат следните чекори на ЕЦБ и на Народната банка за референтните каматни стапки и откриваме колку се задолжени домашните компании.
Истражуваме зошто градежништвото е една од дејностите во кои има најмал технолошки напредок и какви се денес моќта и улогата на синдикалните организации во Македонија и на глобално ниво.
Прашуваме колку чини разубавувањето со пластична хирургија и интервенции во Македонија и анализираме како македонското општество ја дочекува новата парада на гордоста односно каков е статусот на ЛГБТ-заедницата во корпоративниот сектор.