Владата на аукција на државни записи и обврзници закажана за денеска ќе бара заем од 43,9 милиони евра. Ќе се понудат едногодишни државни записи во вкупен износ од 1,2 милијарди денари (19,5 милиони евра) со каматна стапка од 3,8 проценти, 15-годишни државни обврзници во вкупен износ од 16,2 милиони евра и купонска камата од 5,6 проценти, како и петгодишни државни обврзници во износ од 8,1 милиони евра со купонска каматна стапка од 4,2 проценти.
Добро утро, подолу петте вести што ги изводивме за почеток на денот.
Сите причини зошто цените нема да се вратат на нивото од пред кризата
Инфлацијата во еврозоната во мај е повисока од очекувањата, но сепак е на ниво кое нема да ја одврати Европската централна банка да почне со олеснување на монетарните услови. Во мај, во монетарната унија беше измерена инфлација од 2,6 отсто на годишно ниво. Еден месец претходно таа изнесуваше 2,4 отсто.
Најголема загриженост кај креаторите на политиките создаваат услугите каде во мај растот надмина четири отсто. Растот на платите од почетокот на година кој води до зголемена побарувачка го прави овој сектор клучен за следење при носењето на идните одлуки за монетарните политики.
Извршителите станаа полнолетни: Наплатиле над 1,9 милијарди евра за 18 години
Извршителите во Македонија за 18 години од постоењето наплатиле вкупно 1,92 милијарди евра по основ на барања за извршување, а само во минатата година вкупниот износ на наплатени средства изнесува 159,7 милиони евра, покажуваат податоците од годишниот извештај на Комората на извршители. Во минатата година работеле 95 извршители распоредени во 11 подрачја на основните судови во Македонија.
Лани, тие примиле вкупно 170.325 барања за извршување меѓу кои се и барања за извршувања кои извршителите ги преземале од канцеларии на свои поранешни колеги. „Реално ново примени барања за извршувања во 2023 година има 99.785 предмети, а останатите 70.540 предмети се предмети кои ги имаат наследено новоименуваните извршители од извршителите чија должност престанала“, информираат од комората.
Намалувањето на стапките е ретка светла точка во проблематичната еврозона
Овонеделното намалување на каматните стапки е пресвртница за Европската централна банка. За прв пат во две децении, креаторите на политики имаат можност да започнат циклус на монетарно олеснување без да бидат принудени од финансиска вонредна состојба. Наместо тоа, инвеститорите покажуваат доверба во еврозоната и ги држат приносите под контрола.
Но, и покрај смиреноста на површината, економијата почнува да ги гледа последиците од проблемите што се создаваат со децении. Сè повеќе засенчена од динамиката на САД и подемот на Кина, еврозоната има анемичен раст, слаба продуктивност, лоша демографија и зголемени јавни финансии во клучните земји.
Европскиот гас поскапува поради прекините на снабдувањето од Норвешка
Цените на европскиот природен гас се зголемија со падот на приливот на енергеност од Норвешка, што го потенцираше ризикот од преголемо потпирање на еден голем снабдувач. Референтните холандски фјучерси скокнаа за цели 7,7 отсто во понеделникот, најмногу за еден месец. Непланираниот прекин значи дека огромната норвешка фабрика за преработка на гас Нихамна е недостапна.
Во исто време, тековите во Исингтон - терминалот во Велика Британија, влезна точка за една третина од вкупната понуда на Британија, паднаа на нула. Прекините ја покажуваат клучната улога што ја игра Норвешка во снабдувањето со гас на Европа, откако повеќето испораки на руски гасовод беа стопирани по инвазијата на Украина. И по енергетската криза, пазарот останува многу чувствителен на проблемите со снабдувањето и трговците брзо реагираат на секое отстапување од плановите за сезонско одржување.
Кина го засилува предупредувањето до ЕУ неколку дена пред одлуката за царини
Кина ја обвини Европската унија дека работи на „потиснување“ на кинеските компании и рече дека ќе преземе акција за да ги заштити своите интереси, бидејќи блокот се приближува кон воведување царини за кинеските електрични возила. Пекинг сака да се справи со економските и трговските судири преку дијалог и да избегне неконтролирана ескалација, рече министерот за трговија Ванг Вентао на состанокот со кинеските бизниси во Шпанија во саботата, според официјалното соопштение.
Тој додаде дека лидерите на Франција, Германија и ЕУ изјавиле дека сакаат да избегнат трговска војна. „Доколку ЕУ не го практикува она што го проповеда и продолжи да ги потиснува кинеските компании, Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за цврсто да ги заштити легитимните интереси на кинеските компании“, се вели во соопштението.