Израелскиот премиер Нетанјаху е новата пречка за мировен договор меѓу САД и Иран. Израелската воена ескалација против Хезболах во Либан поттикна телефонски разговор меѓу Трамп и Бенјамин Нетанјаху. Велат дека имало и навреди за време на телефонскиот разговор. Епизодата повторно го стави во фокус елементот од војната што Трамп во голема мера одбиваше да го признае: САД и Израел имаат многу различни идеи за тоа како треба да изгледа крајот на војната. Таа поделба ги загрозува кревките, долготрајни преговори меѓу Вашингтон и Техеран, кој инсистира Либан да биде дел од секој мировен договор.
Добро утро, ова се петте вести што се важни за почеток на денот.
Колку реално имаат на маса домаќинствата во Европа и каде е Македонија?
Државите и институциите следат повеќе индикатори за да го мерат економскиот раст, меѓу кои бруто-домашниот производ (БДП) е меѓу најзастапените.
Но растот на БДП не го покажува она што луѓето ќе го однесат дома како реален приход, дури и кога е коригиран со инфлацијата. Реалниот приход на домаќинствата по жител ја мери динамиката на заработката што домаќинствата ја имаат на располагање да ја потрошат или заштедат и ни дава попрецизна слика за животниот стандард.
Македонските извозници најзависни од Германија меѓу компаниите од регионот Адрија
Извозот е една од клучните компоненти на успешните европски економии. Со децении, Германија беше симбол на извозно ориентирана економија со постојан трговски суфицит, додека во последниве години Кина ја презеде таа улога. Салдото на надворешна трговија, или разликата помеѓу извозот и увозот, игра важна улога во формулата за бруто домашниот производ. Кога увозот го надминува извозот, нето извозот негативно придонесува кон економскиот раст.
Во регионот Адрија, само Словенија има поголем извоз отколку увоз, со покриеност на увозот со извоз од 102 проценти во 2025 година, што позитивно придонесува кон БДП. Таквиот резултат е очекуван за економија која силно се потпира на извозно ориентираната индустрија и малите и средни претпријатија. Следува Србија со околу 80 проценти покриеност, додека Хрватска е последна со помалку од 60 проценти покриеност на увозот со извоз.
Производителите на чипови ги надминаа акциите на софтверските компании
Акциите на производителите на полуспроводници скокнаа во вторникот, додека софтверските паднаа, со најголемата разлика меѓу двата потсектори на технолошката индустрија досега.
Philadelphia Stock Exchange Semiconductor Index порасна за 4,5 отсто, додека iShares Expanded Tech-Software Sector, ETФ - фонд што се користи како показател за секторот -падна за 4 отсто. Таа разлика од 8,4 процентни поени е најголема досега, според податоци собрани од „Блумберг“ кои датираат од средината на 2021 година
„Спејс екс“ сака да плати помала провизија на банкарите за претстојното ИПО
Компанијата „Спејс екс“ (SpaceX) на Илон Маск преговара да плати минимални надоместоци на фирмите од Волстрит кои ја водат нејзината иницијална јавна понуда (ИПO) - но банките сепак веројатно ќе заработат околу 500 милиони долари од рекордното излегување на берза.
Конгломератот на Маск преговара да плати помалку од 0,75 отсто за 75 милијарди долари што планира да ги собере преку ИПO овој месец, според лица запознаени со прашањето. Дури и со толку ниска маржа, тоа ќе биде еден од најголемите настани за надоместоци за Волстрит фирмите што организираат јавни листинзи.
Како војната со Иран ги потресува синџирите за снабдување со храна
Персискиот Залив, познат по својата сушна клима, тешко дека може да се смета за житница на светот. Сепак, конфликтот во регионот предизвикува потреси во глобалната прехранбена индустрија - од земјоделците до компаниите за пакување и дистрибутерите - со значајни последици за безбедноста на храната и животниот стандард.
Војната ги прекина важните извори на енергија и ѓубрива, кои се клучни суровини во производството на житарки, зеленчук и месо. Земјоделците, чии приноси и онака беа погодени од периодите на екстремни временски услови, сега се соочуваат со повисоки трошоци за овие неопходни суровини и веројатно ќе ги префрлат на потрошувачите преку повисоки цени.
Како да купите крипто?
Криптото повеќе не е резервирано само за експерти. Денес постојат неколку едноставни начини за пристап до пазарот. Еден од начините за купување крипто денес е преку финтек-сервиси базирани на блокчејн-технологија.
Дознајте како функционираат криптопазарите, блокчејнот и дигиталните средства преку Блумберг Адрија Крипто едукација. ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ.