Јуни првично беше замислен како прв месец за почнување на серијата намалувања на каматните стапки, но оваа седмица може да покаже дека плановите се сменија и сега има колебање околу идните политики.
Неколку дена откако Федералните резерви ги намалија проекциите за монетарното олеснување на САД оваа година, креаторите на политиката од Обединетото Кралство до Австралија веројатно ќе сигнализираат дека сè уште не се доволно убедени во дезинфлацијата за самите да почнат да ги намалуваат трошоците за задолжување.
Добро утро, ова се петте вести важни за почеток на денот!
ББА анализа: Потрошувачката ќе ја движи македонската економија
Бруто-домашниот производ (БДП) во земјите од регионот Адрија се очекува да има солиден раст во 2024 година, поттикнат од силната домашна потрошувачка, зголемените плати и инвестициите во инфраструктурата, особено во Словенија и Хрватска. Но и некои настани како „Експо 2027“ во Србија се очекува да ги поттикнат економските активности. Закрепнувањето на надворешната побарувачка, исто така, ќе го зголеми извозот низ целиот регион.
Инфлацијата во регионот ќе се стабилизира на пониски нивоа во 2024 и 2025 година. Словенија и БиХ ќе имаат умерена инфлација околу 2-3 отсто, додека Хрватска и Македонија може да забележат повисоки стапки поради силната побарувачка и туризмот. Инфлацијата во Србија во 2024 година во просек ќе изнесува 4,7 отсто и постепено дополнително ќе се намалува, велат нашите аналитичари.
Зошто тоне градежништвото, а цената на становите останува висока
Македонското градежништво ја почна годината во црвено. По растот во четвртиот квартал лани, трендот на негативни резултати кој ја одбележа минатата година, продолжи и годинава.
Во исто време, се намалува и уделот на овој важен сектор во вкупната економија. Во првиот квартал БДП оствари благ раст од 1,2 отсто, а уделот на градежништвото се сведе на четири отсто, или најмалку по почетокот на 2022 година.
Протести во Франција пред претстојните избори
Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците низ Франција во саботата за да се спротивстават на екстремно десничарската национална партија на Марин Ле Пен, за која се предвидува дека ќе заврши на првото место на претстојните предвремени парламентарни избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон.
Демонстрантите се обидуваат да го свртат вниманието на политиките на националистичката партија за човековите права, животната средина, еднаквите права и економските прашања.
Ле Пен вели дека нема да се обиде да го собори Макрон
Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремна десница, рече дека нема да се обиде да го собори претседателот Емануел Макрон доколку победи на предвремените парламентарни избори кои ќе започнат подоцна овој месец.
„Ги почитувам институциите и не повикувам на институционален хаос“, изјави Ле Пен за весникот „Фигаро“. „Едноставно ќе има соживот“.
Евро 2024: Каква врска има фудбалот со семејното насилство?
Стотици илјади навивачи на Англија се очекува да патуваат во Германија во текот на Евро 2024 ова лето, додека националниот тим се подготвува да го отвори турнирот против Србија во недела навечер.
Капитенот на Англија, Хари Кејн, постави големи очекувања за својата екипа, велејќи дека тие би биле разочарани со „сè освен победа“ на турнирот.