Какви се најновите трендови во градежниот сектор и на пазарот на недвижности во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, откриваме дали домашните градежни компании премолчно го префрлаат даночниот товар врз купувачите на недвижности.
Истражуваме каква е практиката на македонските банки во однос на лимитите за прифаќање готовина од физички лица без документ за потекло на парите и дали преку банкоматите може да се заобиколи регулативата во однос на оваа проблематика.
Прашуваме дали постои опасност климатските промeни да го поскапат осигурувањето и презентираме докази за зголемување на просечните температури во изминативе години.
Анализираме каква е состојбата со органското производство во Македонија односно какви услови треба да се исполнат за одреден производ да биде класифициран како органски.
Од стручни лица бараме совет каде би инвестирале 1.000 евра доколку се мали инвеститори почетници. Истражуваме кои македонски општини се кредитоспособни односно колкави се нивните долгови и кому му должат.
Анализираме дали во Македонија има пензионери што работат и какви се условите за вработување пензионери односно со каков ангажман може да се задржи пензијата.