Топлотниот бран ќе продолжи, но и ќе се засили следната недела. За некои делови од земјава се прогнозираат температури и над 43 степени. Ова е само еден од доказите дека климатските промени и тоа како се чувствуваат во земјава. Нашата анализа покажува дека средната годишна температура во Скопје, од 2009 година досега, се зголемила за 1,4 степени, а допрва не очекуваат екстремни временски појави.
Ова е една од причините зошто расте свеста за осигурување на имотот во земјава. Но, екстремните временски појави ќе бидат причина и за зголемување на цените на осигурувањето затоа што трошоците на осигурителните компании за реосигурување растат. Проблемот со осигурувањето во земјоделството останува затоа што земјоделците и натаму многу малку ги осигуруваат посевите.
Зелена енергија или технологија: Анализираме во што да се вложи
Анкета на Фед: Половина од фирмите користат ВИ за да ги намалат трошоците за плати
Неделава помина во знакот на НАТО самитот по повод 75 години од основањето на алијансата. Од Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден, кој е единствен лидер на земја членка кој е постар од организацијата, порача дека НАТО е помоќен од било кога.
Инаку, Самитот се одржа во време на турбуленции во САД каде е разгорена дебатата околу тоа дали Бајден треба да остане претседателски кандидат за ноемвриските избори, но и во Франција по минатонеделните избори на кои дојде до пресврт.
Тимот на Бајден таинствен околу честите посети на доктор за Паркинсонова болест
Француските аеродромски работници најавија штрајк пред Олимпијадата
Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ неделава анализираше како ќе се движат цените на недвижностите во земјава и во регионот. Според нивната анализа, очекувањата се дека ќе дојде до стагнација или многу мал пораст во некои земји на крајот на 2024 година, поради покачените цени на становите и побавната побарувачка, особено во резиденцијалниот сегмент.
Освен цените на становите, во земјава проблематични се и одредбите во законите за даноци. Според даночните експерти, токму овие даноци се најслабата алка во даночниот систем во земјава, а тие претставуваат изворен приход на општините кои во неможност да си ги соберат парите тонат во долгови.
Статистика деновиве објави дека инфлацијата во јуни конечно забавила. Она што не забавува е задолжувањето на државата. Во две аукции за записи и обврзници државата запиша 96 милиони евра.
Граѓаните пак, оние кои имаат пари и ги чуваат под перница не можат да ги внесат на сметка без да дадат изјава и да достават доказ за потеклото на парите. Но, ова не значи дека парите не можат да завршат во банка без проверка. Тоа може да се стори преку новите банкомати во кои може да се внесува кеш, прашањето е кој контролира.
Унгарија ги зголемува даноците за банките за да го полни буџетот
Народната банка го поднесе барањето за членство во СЕПА
Анализите на „Ерсте групацијата“ покажуваат дека во регионот, Србите имаат најдолга работна недела, но и најголем дел од нив работат втора работа. Податоците од домашната статистика покажуваат дека во земјава главно се почитува законски утврденото работно време од 36 до 40 часа неделно. Прекувремената работа во земјава во последните години, посебно по пандемијата, значително е намалена.
Друга студија покажува дека помладите вработени пријавуваат повеќе проблеми на работа, додека постарите колеги се подобри. Само 31 отсто од работниците помлади од 35 години изјавиле дека лани успешно се носеле со работните обврски.
Во екот на топлотниот бран, в недела, ќе се игра финалето во Европското првенство во фудбал. Тоа не значи дека фудбалските возбудувања завршуваат за летово. Напротив, Лигата на шампиони во нов формат веќе започна.