Во услови кога климатските промени ги покажуваат своите заби преку енормните горештини и натпросечните температури за овој период од годината анализираме колку чини водата во Македонија, дали имаме доволни водни ресурси и дали може да се јави недостиг од вода во иднина.
Нашите истражувања покажуваат дека во минатата година има пад на производството на вино (наливно и флаширано) и дека се намалуваат приносите на грозје. Откриваме кои се причините за намаленото производство и за падот на приносите.
Анализираме каква стана дистрибуцијата на потрошувачката на домаќинствата во Македонија по две години рекордна инфлација односно колку од семејните буџети одвојуваме за храна, а колку за другите основни потреби.
Со оглед на тоа што во изминативе пет години има значително намалување на бројот на активно население во Македонија, истражуваме на што се должат ваквите трендови и кои сектори се најпогодени.
Откриваме какви се финансиски услуги за прекугранично плаќање се нудат во светот, а недостасуваат во Македонија и како се снаоѓаат фриленсерите кои работат за странски компании.
Србија во изминативе години направи значителни инвестиции во железничката инфраструктура кои овозможија од град до град да се патува со воз за многу пократки временски интервали. Анализираме каква е состојбата со железницата во Македонија и дали наскоро може да очекуваме промени односно брзи домашни и меѓународни патувања.
Во екот на сезоната на летни одмори даваме увид во висината на патарините во земјите од регионот односно слика за тоа колку тие го оптоваруваат патувањето до летните туристички места.