Какви се најновите трендови во малопродажбата во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Во огромниот наплив на субјекти во радиодифузниот сектор во Македонија, откриваме како работат македонските ТВ-куќи и радија и дали остваруваат профит или загуба.
Презентираме какви перспективи има за отворање рудници во Европа, но и во Македонија односно какви би биле економските придобивки наспроти заканите по животната средина.
Анализираме какви се трендовите во рекламирањето на индустријата за забава и медиуми во светот и во нашата држава и откриваме зошто генерацијата зед инвестира во колекционерски сетови, скапи часовници и автомобили.
Презентираме кои економски сектори имаа најголем раст на нефункционални кредити и каква е состојбата по тоа прашање кај домаќинствата.