Човештвото е жртва на „екстремна топлотна епидемија“, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикувајќи на мерки за ограничување на влијанието на топлотните бранови кои се зголемуваат поради климатските промени.
„Ако има едно нешто што го обединува нашиот поделен свет, тоа е што станува сè потопол… Милијарди луѓе се соочуваат со епидемија на екстремни горештини, изложени на топлотни бранови кои се сè поубиствени, со температури кои надминуваат 50 Целзиусови степени“, изјави Гутереш.
Според европската мрежа „Коперникус“, 21, 22 и 24 јули оваа година биле најтоплите денови досега регистрирани во светот.
Прочитај повеќе
Климатските промени ја зголемуваат побарувачката за струја со забрзано темпо
Растот од четири проценти што се очекува за 2024 година е највисок од 2007 година.
19.07.2024
Луѓето повеќе ќе се иселуваат поради климатските промени
Наградениот анимиран документарец „Наоѓајќи го домот“ ја раскажува приказната на климатските бегалци
13.07.2024
Македонија на удар: Откриваме докази дека климатските промени се тука
Време е терминот климатски промени да се промени во климатска криза, вели еко-активистот Горјан Јовановски
11.07.2024
Светот го забележа 12. по ред рекордно жежок месец
Мај го обележи 12-от последователен месец на Земјата со рекордни температури, а летово се очекуваат уште повеќе топлотни бранови.
06.06.2024
Климатските промени го нарушуваат психичкото здравје
Ако мозокот е болен, тогаш способноста на мозокот за терморегулација е загрозена.
16.05.2024
Климатските промени влијаат врз здравјето на 2,4 милијарди работници
Се предвидува дека температурите во 2024 година ќе бидат толку високи што некои експерти веќе предвидуваат дека ќе биде соборен минатогодишниот рекорд.
22.04.2024
Светот тивко ја губи земјата од која треба да се храни
Климатските промени би можеле да ги намалат глобалните приноси за 30 отсто до 2050 година.
13.02.2024
„Неподносливата топлина е насекаде. Милијарди луѓе ширум светот венеат под сè посилните топлотни бранови предизвикани главно од климатската криза предизвикана од фосилни горива. Повеќе од 70 отсто од глобалната работна сила – 2,4 милијарди луѓе – сега се изложени на висок ризик од екстремни горештини. Најпогодени се најранливите заедници“, се вели во повикот за акција на Гутереш објавен од ОН.
Како одговор на брзиот пораст на обемот, интензитетот, зачестеноста и времетраењето на екстремните горештини, генералниот секретар на ОН повика на итни и заеднички напори за зајакнување на меѓународната соработка за справување со екстремните горештини во четири критични области: Грижа за ранливите, заштита на работниците, зголемување на отпорноста на економиите и општествата со користење на податоци и наука, ограничување на порастот на температурата на 1,5 Целзиусов степен со постепено укинување на фосилните горива и зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија.