Возовите од и до Париз, вклучувајќи ја и меѓународната услуга „Еуростар“ (Eurostar), беа погодени од, како што го нарекоа властите, „масовен напад со цел да се парализира мрежата“ на супербрзи возови во Франција само неколку часа пред церемонијата за отворање на Олимписките игри.
„Координираните злонамерни дејства целеа на неколку линии на ТГВ (TGV) во текот на изминатата ноќ и сериозно ќе го нарушат сообраќајот до овој викенд“, напиша францускиот министер за транспорт Патрис Вергриет во објава на социјалната мрежа Х.
Пожари биле подметнати на неколку железнички јазли, при што било забележано како поединци бегаат од локациите со комбиња, рече Жан-Пјер Фаранду, шеф на националната железничка компанија СНЦФ (SNCF), на телевизијата БФМ (BFM TV), додавајќи дека компанијата ќе мора да го поправи својот мрежен кабел. Околу 800.000 патници ќе бидат погодени од нападот, рече тој.
Прочитај повеќе
Со инвестиција од милион долари на ЛВМХ, нè очекува првата и вистинска олимпијада на луксуз
Француската „експертиза“ внесува гламур на престижниот настан.
24.07.2024
Зошто на Олимпијадата ќе се пие пиво без алкохол?
Најголемата светска пиварница одлучи на милијарди љубители на спортот да им рекламира производ без алкохол
15.06.2024
Се разгорува трката за најдобар спортски бренд пред Олимпијадата
„Пума СЕ“ воведува нови производи за трчање, кошарка и фудбал оваа година
25.05.2024
Медалите за Олимпијадата во Париз се направени од делови на Ајфеловата кула
Комитетот ја ангажираше продавницата за накит „Шуме“ (Chaumet), која работи во системот на луксузниот конгломерат на Бернард Арно.
01.03.2024
Драстично зголемени цените на хотелското сместување во Франција за време на Олимпијадата
Забележано нагло зголемување од 314 проценти на хотелските цени за време на датумите на Олимпијадата.
06.12.2023
Прекините доаѓаат во време на засилени безбедносни мерки низ Париз, со десетици илјади полицајци распоредени за обезбедување на Игрите. Во рамките на подготовките, големи делови од градот беа опколени, при што олимписките локации, железничките станици, туристичките знаменитости ги чуваат органите на редот, вклучувајќи ги и единиците за борба против тероризмот и војската.
„Еуростар“ соопшти дека се погодени неговите услуги за Лондон и Брисел од Париз, а неколку воза се откажани или одложени. Оттаму велат дека брзите возови што одат до и од Париз ќе бидат пренасочени, со што времето на патување ќе се продолжи за околу час и половина.
СНЦФ соопшти дека по „злонамерните дејства“ ниедна услуга не е во функција на брзата железничка линија меѓу Париз и неколку града и дека се очекуваат големи доцнења низ нејзината мрежа. Фаранду посочи дека нападите имале цел да го нарушат традиционалниот период на одмор во Франција.
Тие беа темпирани за „денот на големите заминувања“, кога голем број Французи заминуваат, рече тој.
„Французите беа нападнати“, рече Фаранду.
Исто така, министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин претходно во петокот за радиото РТЛ изјави дека во изминатите неколку недели од неговите служби спречиле четири плана за напад насочени кон Олимпијадата.