Олимписките игри во Париз ќе го окупираат вниманието на медиумите и јавноста во следните неколку недели, а повеќе од десет илјади спортисти ќе се борат за што подобар пласман и медали. Вистинската вредност на освојувањето медал лежи во долготрајните подготовки, пожртвуваноста, упорноста и умешноста кои водат до врвот на спортот, но интересно е и да се погледне и чистата вредност на металот од кој се направени.
Со ова се занимаваа банкарите на данската инвестициска „Саксо банк“ (Saxo Bank). Нивната анализа, според познатите објавени спецификации за составот на медалите што ќе се делат во Париз, покажа дека вредноста на златниот медал е нешто помала од илјада долари, среброто е за половина поевтино, а бронзениот не вреди ниту четири долари.
Во „Саксо банк“ проценката ја засноваа на пазарните цени на металите од почетокот на оваа недела. Според објавениот состав, златниот медал всушност е направен од 505 грама сребро со шест грама позлата и дополнителни 18 грама железо од кое е направена Ајфеловата кула. Во согласност со овој состав, „Саксо банк“ вредноста на златниот медал ја процени на 935,9 долари.
Прочитај повеќе
Со инвестиција од милион долари на ЛВМХ, нè очекува првата и вистинска олимпијада на луксуз
Француската „експертиза“ внесува гламур на престижниот настан.
24.07.2024
Зошто на Олимпијадата ќе се пие пиво без алкохол?
Најголемата светска пиварница одлучи на милијарди љубители на спортот да им рекламира производ без алкохол
15.06.2024
Медалите за Олимпијадата во Париз се направени од делови на Ајфеловата кула
Комитетот ја ангажираше продавницата за накит „Шуме“ (Chaumet), која работи во системот на луксузниот конгломерат на Бернард Арно.
01.03.2024
Сребрениот медал е направен од 507 грама сребро и дополнителни 18 грама железо и неговата вредност е 473,4 долари. Најниска цена има бронзениот медал. Направен од легура на бакар-цинк, 415 грама бакар и 22 грама цинк поточно, со 18 грама метал од Ајфеловата кула, вредноста на бронзениот медал е само 3,9 долари.
Данските банкари ги споредија овогодинешните медали со оние од претходните три натпреварувања и дојдоа до заклучок дека тие се највредни оваа година.
Со оглед на тоа што цената на златото е на највисоко ниво оваа година, не е изненадувачки што овогодинешното злато е за околу 200 долари повредно отколку што беше во Токио во 2021 година. Годинешниот сребрен медал е исто така поскап од претходно, а само бронзениот медал изгуби одредена вредност.
„Зголемувањето на вредноста на медалите ги одразува пошироките економски движења, особено побарувачката за благородни метали“, објаснуваат од „Саксо“. Оле Хансен, шеф на стратегијата за тргување со метали и стоки во банката, го припишува растот на цените на металите на глобалната промена кон зелена енергија. Побарувачката за метали како бакар и сребро силно порасна поради нивната потреба во технологија за обновлива енергија.