Јавниот сервис на Полска соопшти дека суспендирал новинар и спортски коментатор кој реагирал на изведбата на легендарната песна на Џон Ленон „Замисли“ (Imagine) на отворањето на Олимписките игри со тврдење дека се работи за еден вид „визија на комунизмот“.
ТВП, полскиот јавен сервис, соопшти дека Пшемислав Бабиаж е суспендиран и нема да му биде дозволено во живо да ги коментира спортските настани од Летните олимписки игри во Париз.
Во песната Ленон пее за имагинарен свет без рај и пекол, без држави, религија и приватна сопственост.
Прочитај повеќе
Олимпискиот златен медал вреди речиси илјада долари
Вистинската вредност на освојувањето медал лежи во долготрајните подготовки, пожртвуваноста, упорноста и умешноста.
27.07.2024
Со инвестиција од милион долари на ЛВМХ, нè очекува првата и вистинска олимпијада на луксуз
Француската „експертиза“ внесува гламур на престижниот настан.
24.07.2024
Зошто на Олимпијадата ќе се пие пиво без алкохол?
Најголемата светска пиварница одлучи на милијарди љубители на спортот да им рекламира производ без алкохол
15.06.2024
Медалите за Олимпијадата во Париз се направени од делови на Ајфеловата кула
Комитетот ја ангажираше продавницата за накит „Шуме“ (Chaumet), која работи во системот на луксузниот конгломерат на Бернард Арно.
01.03.2024
„За жал, ова е визијата на комунизмот“, рече Бабиаж за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата, што предизвика контроверзни коментари во Полска.
Објаснувајќи ја суспензијата, ТВП во соопштението наведе: „Заемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основните идеи на Олимпијадата, туку и основата на стандардите кои ја водат новата полска телевизија. Нема причина да се прекршуваат“.
Конзервативниот претседател Анджеј Дуда и поранешниот премиер Матеуш Моравјецки беа меѓу првите кои реагираа за да го „заштитат“ суспендираниот новинар.
„Вистината ќе се брани! Вашите постапки ќе бидат запаметени и цензурата ќе пропадне“, напиша Моравјецки на Х.
И некои коментатори блиски до политичката левица во Полска соопштија дека казната е престрога.