Какви се најновите трендови во однос на производството, побарувачката и цените на алуминиумот и што може да се очекува во иднина ќе можете да прочитате в понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, анализираме како растот на цените на железото во изминатиов период ќе влијае врз различни индустрии во Македонија.
Истражуваме каква е состојбата со употребата на биогорива во земјава и во светот и што го кочи исполнувањето на амбициозните цели за зголемување на нивната употреба.
Со оглед на тоа што Европската Унија се обидува со зголемени давачки да го запре напливот на возила од Кина, откриваме како ќе се движат цените на автомобилите во Европа и кај нас до крајот на годината.
Развојот на високата технологија носи многу етички предизвици, особено по најавите дека на новите паметни телефони ќе има можност за обработка на фотографии, видеа и разговори со помош на вештачка интелигенција. Од тој аспект, прашуваме дали се потребни безбедносни кочници за употребата на вештачката интелигенција.
Светот сè повеќе стравува од ширење на мајмунските сипаници. Во Македонија засега, за среќа, нема ниту еден случај на заразено лице, меѓутоа опасноста демне и затоа прашуваме каков е капацитетот на државата за набавка на потребните вакцини.