Шест лица загинаа во пожар што избувна во куќа во Нови Сад, од кои четири деца. Пожарот избувнал во куќа на улицата Ѓорѓе Дера, а се претпоставува дека станува збор за семејство што живеело на таа адреса.
Се претпоставува дека пожарот го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пожарот е изгаснат. Полицијата и јавен обвинител извршија увид на самото место, а телата се пренесени во Центарот за судска медицина за обдукција.