Двајца новинари на „Ројтерс“ се ранети, а третиот се води како исчезнат по рускиот ракетен напад врз Краматорск во областа Доњецк во источна Украина.
„Ројтерс“ објави дека тројцата биле дел од шестчлениот тим кој престојувал во хотелот „Сафир“ во градот разурнат од војна, кој е на околу 20 километри (12 милји) од линијата на фронтот. Украина не ја прецизираше припадноста на новинарите.
Добро утро, ова се другите пет вести кои се важни за почеток на денот.
Сурова зима за челичната индустрија: Што значи тоа за македонските компании?
Железната руда од почетокот на 1990-тите години до почетокот на оваа година се зголеми десеткратно. Од некогашните 12,5 долари за тон, во 2021 година цената надмина 220 долари. Во моментов цената на суровината изнесува нешто под 100 долари за тон.
И сегашната цена на основната суровина на челичната индустрија е далеку под нивото што го имаше на почетокот на годинава. Во јануари цената надмина 130 долари за тон. До средината на годината падна на околу 120. Пред десетина дена ја достигна најниската цена во последните две години, но потоа забележа делумно закрепнување, иако набљудувачите на пазарот очекуваат дека ќе остане под притисок.
Како Индија ги престигна Русија и Кина на врвот на Лондонската берза за метали
Рускиот алуминиум веќе некое време доминира со резервите на Лондонската берза за метали (ЛМЕ). Според последните извештаи на ЛМЕ, рускиот алуминиум зафаќа 65 проценти од резервите. Во еден дел тоа е резултат на зголемувањето на домашното производство, а во најголема мера на производството за воени цели.
Имено, Русија забележа најголем раст на индексот на менаџери за набавка (PMI) во набљудуваната група. Тој порасна за 15,5 проценти во текот на 2021 година, додека индискиот порасна за пет проценти. Кина, поради разочарувачкото закрепнување по пандемијата, бележи пад од 1,8 проценти и стагнација во 2023 и 2024 година, во однос на Русија и Индија.
Кина ја забрзува зелената транзиција
Кина развива акциски план за дигитален развој преку зелени иницијативи, дел од напорите да генерира нов раст за забавената економија на земјата.
Планот се фокусира на промовирање на развојот на дигиталните индустрии со ниска содржина на јаглерод и забрзување на трансформацијата на различни сектори преку технологија, според новите упатства објавени од Канцеларијата на кинеската централна комисија за сајбер простор.
Уапсен извршниот директор на Телеграм
Француските власти го приведоа главниот извршен директор на Телеграм Павел Дуров на аеродром во близина на Париз во саботата за наводни прекршувања поврзани со апликацијата за пораки, објави агенцијата Франс прес, цитирајќи официјални лица кои не ги идентификуваше.
Дуров е со руско потекло и е уапсен на аеродромот Ле Бурже, се вели во извештајот, цитирајќи официјален претставник. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го потврди апсењето во објава на Телеграм, објави кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.
„Парамаунт“ би можел да стане партнер на „Епл“ или „Амазон“
Плановите на Едгар Бронфман Џуниор за „Парамаунт Глобал“ вклучуваат партнерства со технолошки компании како „Амазон“ или „Епл“ за да го подобри својот бизнис со телевизискиот стриминг, според луѓе запознаени со неговото размислување.
Долгогодишниот директор за медиуми смета дека на компанијата и требаат поспецифични вештини во однос на стекнување клиенти и продажба на реклами, велат извори кои инсистираат на анонимност.