Откако Европската централна банка вчера одлучи да ја релаксира монетарната политика намалувајќи ја основната каматна стапка анализираме дали сличен чекор може да се очекува и од Народната банка, којашто за оваа проблематика треба да одлучува следната недела.
Грчкиот системски оператор за гас ДЕСФА и бугарската државна компанија „Булгартрансгаз“ најавија дека ќе ја оценуваат можноста за создавање национални пазари за водород, како и интересот за ваков потфат, нагласувајќи ја потребата од постигнување на целите на енергетската транзиција. Прашуваме какви се можностите на Македонија во однос на овој енергетски потенцијал и дали надлежните воопшто размислуваат во таа насока.
Истражуваме какви се најновите трендови на пазарот на недвижности во Македонија и дали енормниот пораст на цените на становите во Скопје се одрази на висината на закупите.
Анализираме зошто европските компании стануваат попретпазливи во однос на инвестирањето во Кина и какви се трендовите во спротивна насока односно дали има зголемување или намалување на кинеските инвестиции во ЕУ.