Една од најатрактивните туристички области во Будимпешта на референдум гласаше за забрана на краткорочно изнајмување станови по зголемените трошоци за домување и поплаките на жителите за бучава и ѓубре.
Шестата област на унгарскиот главен град е една од најпопуларните области на сервисот „Ербиенби“ (Airbnb) и слични опции за изнајмување, со повеќе од 2.200 единици за изнајмување, според општината. Во двонеделната јавна дебата, 54 отсто од жителите гласаа за забраната.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Европската автомобилска индустрија во криза, загрозени се и македонските фабрики
Автомобилската индустрија во Европа периодов е силно погодена од падот на нарачки и застој во производството, што најдобро се илустрира преку бројот на продадени возила во август во ЕУ, кој паднал за 18,3 отсто во однос на истиот месец лани.
Овој негативен тренд во продажбата на нови возила во ЕУ е закана за фабриките од индустријата за автомобилски делови во Македонија, која вработува преку 30.000 луѓе и работи во најголем дел за потребите на европските автомобилски производители, претежно германските...
Зошто на зелената транзиција очајно ѝ требаат трансформатори?
Побарувачката за трансформатори веќе некое време ја надминува понудата. Поради нивната улога во зелената транзиција и нивната клучна улога во енергетската инфраструктура, производителите на трансформатори уживаат силен раст на продажбата и има пополнети книги со нарачки.
Покрај вишокот побарувачка, времето на носење т.е. вкупното време потребно за производство на трансформатор и негово доставување до купувачот се продолжува поради предизвиците со акумулираната постпандемиска побарувачка, нестабилните цени на клучните материјали (челик, алуминиум и бакар), како и недостигот од квалификувана работна сила. Зголемувањето на времето за испорака е главен фактор за недостигот во снабдувањето.
Како климатската криза засекогаш ќе го промени пазарот на луксузот?
Невозможно е да се игнорираат ефектите од климатските промени, кои сè повеќе се рефлектираат и врз пазарот на луксузот. Потрошувачите стануваат сè погласни во барањата за транспарентност кога станува збор за одржливоста и етичноста на луксузните брендови, па и оваа индустрија е во потрага по иновативни алатки со кои долгорочно би се намалило штетното влијание на околината.
„Сите компании, вклучувајќи ги и луксузните брендови, ќе ги трпат промените од климатската криза. Нагласувам криза, зашто ова веќе не е климатска промена, особено гледајќи ги податоците што ги имаме на нашата апликација“, вели Горјан Јовановски, креатор на најголемата платформа за климатски податоци во светот „Ерткер аи“ (EarthCare.ai).
Тој за „Блумберг Адрија“ објаснува како климатските промени конкретно влијаат на луксузните брендови, но и на кој начин ќе ја редефинираат нивната работа во иднина.
„Мерцедес“ и „Порше“ ангажираа советничка за да ја разберат генерацијата зед
Со децении кога германските производители на автомобили сакаа да ја зголемат продажбата на своите седани и спортски возила, тие се потпираа на стотици маркетинг-професионалци или, во итни случаи, на позната маркетинг-агенција. Годинава тие се обратија кај 24-годишната Јаел Мајер.
Таа ја води „Зиам“ (Zeam), швајцарска консултантска фирма што им помага на „Порше“ (Porsche), „Мерцедес“ (Mercedes-Benz) и „Фолксваген“ (Volkswagen) да им продаваат или да вработуваат луѓе од генерацијата зед. Тоа е група обликувана од постојаната употреба на социјалните мрежи, анксиозноста поради климатските промени, длабоката недоверба кон традиционалниот маркетинг - и претставува „црна дупка“ за конзервативните играчи во германската индустрија.
Што се крие зад банкротот на гигантот „Тапервер“?
„Тапервер“ (Tupperware), компанијата чија пластична амбалажа стана синоним за чување храна, официјално поднесе барање за банкрот според поглавјето 11 во Делавер. Овој потег доаѓа по години борба со падот на продажбата, зголемената конкуренција и неспособноста да се приспособи на новите пазарни услови. Според извештајот на „Блумберг“ (Bloomberg), компанијата се соочува со долгови што надминуваат 700 милиони долари, а иднината на бизнисот станува сѐ понеизвесна.
Истовремено, најновата ЕСГ-ценка на компанијата, објавена од „Блумберг“, покажува пад во сите три категории, што дополнително ја компликува ситуацијата.