Минатогодишниот климатски самит на Обединетите нации, КОП28 (COP28), во Дубаи резултираше со обврски без преседан. Владите се согласија тројно да ги зголемат капацитетите за обновлива енергија и да го удвојат зголемувањето на енергетската ефикасност низ светот. Половина од нафтената и гасна индустрија вети дека ќе ги намали емисиите на метан за три четвртини. Светската банка и Африканската банка за развој најавија дека ќе го намалат бројот на домаќинства без струја за 40 проценти. Но дали обврските се претвораат во акција?
Добро утро, ова се останатите пет вести кои се важни за почеток на денот
Регионот се подготвува за зелен водород, ќе биде ли Македонија дел од плановите?
Германија има намера да постигне климатска неутралност до 2045 година, а главната улога во тој процес треба да ја има зелениот водород. Владата во Берлин во соработка со покраинските влади одвоија 4,6 милијарди евра за 23 проекти за зелен водород поврзани со производство, имплементација на иновативни решенија за складирање и подобрувања на транспортната инфраструктура на зелен водород.
Според планот на германските власти, во земјата ќе се изгради фабрика за производство на зелен водород со капацитет од 1,4 GW, која ќе се напојува од обновливи извори на енергија и ќе транспортира 1.800 тони зелен водород годишно. Притоа ќе биде потребно да се изгради и 2000 километри инфраструктура.
Квотите зголемени, ама странците не се многу заинтересирани да работат тука
Бизнисот долго алармира дека нема соодветен кадар за работа и дека зголемување на квотите за работни дозволи на странци може да го намали проблемот со недостигот од работници. Сепак, се чини дека ниту тоа не е решение и дека кога станува збор за пазарот на трудот, два и два не се четири.
Имено, во согласност со последната владина одлука од крајот на минатата година, квотата за работни дозволи за 2024 година се зголеми од 5.000 на 7.000. Но изгледа дека странците не се многу воодушевени од можноста за работа во Македонија со оглед на тоа што покажуваат бројките за издадени дозволи за работа во земјава.
ББА-коментар: Зошто кафето ќе ни станува погорчливо?
Цените на кафето на берзите достигнуваат вредности невидени со децении. Цената на робустата се зголеми за над 80 проценти во текот на 2024 година, а цената на арабиката порасна за над 30 проценти. Ако погледнеме неколку години наназад, тогаш овој раст е уште повпечатлив. Имено, во однос на просечната цена од 2021 година, цената на робустата е повисока за над 200 проценти, а на арабиката за над 50 проценти. За високата цена на кафето што во моментов ја плаќаме дополнително придонесуваат и високите транспортни трошоци, особено ако зборуваме за робустата.
Главен извозник на робуста е Виетнам, а за кафето да стигне до нашите пазари со брод, мора да помине низ Црвено Море, каде што се случуваат напади на Хутите. Затоа, логичен избор е да се избегне Црвено Море, што последователно значи повеќе километри, повеќе време и на крајот повисоки цени.
Нов удар за најголемите економии во еврозоната, паѓа деловната активност
Двете најголеми економии во еврозоната месецов забележаа пад на деловната активност на приватниот сектор бидејќи проблемите во производството во Германија се влошија, а француската услужна индустрија потона.
Индексот на менаџери за набавка на „Ес енд Пи глобал“ (S&P Global) за Германија падна повеќе од очекуваното, на 47,2 – што претставува најниско ниво во последните седум месеци и сè уште е под границата од 50 што го дели растот од пад. Франција од 53,1 падна на 47,4, а тоа е далеку помалку од 51,5, колку што предвидуваа аналитичарите анкетирани од „Блумберг“.
Берзански рекорди по одлуката на Фед: Што ќе ги придвижи пазарите неделава?
Традиционално здодевните централни банкари ја променија плочата минатата недела, заменувајќи го предвидливиот валцер со темпераментната салса. Бидејќи инвеститорите главно се навикнати на валцерот, салсата беше вистинската хармонија за нивните уши. По првичниот шок, на берзите минатата недела доминираше вревата поради „зелениот“ дрес код.
Како овој пат одекнаа потезите на банкарите на берзите? Со еден збор: рекорди! Еден ден по одлуката на Фед да ги намали каматните стапки за 50 базични поени, американскиот индекс S&P 500 зајакна за 1,7 процент и го достигна 39-то рекордно ниво годинава. За една недела вредноста му е поголема за два процента, а од почетокот на годината е за речиси 20 проценти. Индустрискиот индекс Dow Jones исто така достигна највисоко ниво на сите времиња, додека технолошкиот индекс Nasdaq 100 минатата недела порасна за повеќе од 2,5 проценти.