text size
Германија има намера да постигне климатска неутралност до 2045 година, а главната улога во тој процес треба да ја има зелениот водород. Владата во Берлин во соработка со покраинските влади одвои 4,6 милијарди евра за 23 проекти за зелен водород поврзани со производство, имплементација на иновативни решенија за складирање и подобрувања на транспортната инфраструктура на зелен водород.