text size
Врската помеѓу политиката и криптовалутите не е повеќе никаква новост. Погледнете само што се случи со криптокомпанијата „Американ биткоин“ (American Bitcoin Corp.), поврзана со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп. Една од главните вести на Волстрит на 2 декември беше падот на акциите на оваа фирма за 50 отсто за само половина час, како што извести и „Блумберг“. Бизнисот формиран од страна на синот на претседателот, Ерик Трамп, со намера да „копа“ криптовалути, доживува распродажба на своите акции среде општата паника на криптопазарот, при што биткоинот падна за повеќе од 30 отсто од својот историски максимум достигнат во октомври годинава.