Долгот на корпоративниот сектор во Македонија лани порасна над просекот од претходните години. Прашуваме до каде може да оди задолженоста на македонските компании односно дали постои опасност по финансиската стабилност во земјава од евентуално презадолжување. Во тој контекст, го анализираме и глобалниот долг, кој расте со загрижувачко темпо.
Истражуваме каква е профитабилноста на финансиските друштва во земјава и како се справуваат со безбедноста и со заштитата на лични податоци.
Истовремено анализираме какви резултати имаат инвестициските фондови во Македонија и зошто каскаме во однос на развојот на приватни инвестициски фондови.
Прашуваме колку чини квадрат државно земјиште во различни општини, што се нуди на пазарот и кои се најголемите купувачи, како и до каде стигна постапката за денационализација.