Скандалот со летот на духови на австралиската авиокомпанија „Кантас ервејс“ (Qantas Airways Ltd.) доведе до заблуда речиси еден милион клиенти што резервирале десетици илјади непостоечки услуги, се наведува во судските документи што го откриваат недоличното однесување на авиокомпанијата.
„Кантас“ во мај ја реши тужбата на спогодбен начин, согласувајќи се да плати 120 милиони австралиски долари (82 милиона долари) во форма на казни и компензација за продажба на билети за летови што компанијата веќе одлучила да ги откаже.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Кој плати највисока цена поради монетарното затегнување?
Очекуваното намалување на каматните стапки може да даде поддршка за зголемување на економската активност, особено во економиите што скапо го платија монетарното затегнување.
Според Синиша Наумоски, професор во институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“, највисоката цена ја платија земјите од Европската Унија. „Последиците од високите трошоци за задолжување ќе се чувствуваат и во следниот период“, вели тој.
„Ефектот од монетарното затегнување на ниво на Европската Унија, особено во еврозоната, но и во САД, е дека земјите се блиску до рецесија. Оваа 2024 година ќе ја завршат со економски раст што нема да надминува еден отсто, а прогнозите за следната година се дека растот ќе стигне до 1,4 отсто, а во 2026 година до 1,6 отсто“, посочува Наумоски.
На Германија ѝ „гори покривот“, кој се плаши од пожар?
Тоа што минатото лето беше внатрешна комуникација во корпорацијата „Фолксваген“, на крајот на ова лето стана ударна вест низ цела Европа. И тоа не затоа што два погона за производство на „народни автомобили“ во Германија наскоро би можеле да бидат затворени, откако претходно беше напуштен планот за инвестирање на 2,1 милијарди евра во изградба на нова фабрика исклучиво за производство на електрични возила, туку затоа што тоа може да биде симптом на болест за целата германска автомобилска индустрија, па дури и за целата германска економија.
И сето ова доаѓа во време кога Европа е „помеѓу два огна“ во рамките на студената економска војна меѓу САД и Кина, додека во исто време се случува револуција во автомобилската индустрија, во која Кина има огромен потенцијал да го поплави европскиот пазар со кинески електрични возила.
Рекордни профити на гигантските европски банки
Иако во јуни Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали каматните стапки за првпат по речиси пет години, профитабилноста на водечките европски банки достигна рекордно ниво. Вредноста на акциите го следеше примерот. Од почетокот на годината, акционерите на најпрофитабилните компании можат да се пофалат со принос од повеќе од 60 проценти (вклучувајќи ги и дивидендите).
Просечниот принос на капиталот за 110 банки што се под директен надзор од ЕЦБ достигна 10,1 проценти во вториот квартал. Ова е највисокото ниво откако ЕЦБ почна да ги објавува податоците пред речиси една деценија.
Бумот на профитот е резултат на повисоките каматни стапки, кои го поттикнаа растот на нето-приходите од камати. Нето-приходите од камати се зголемија во просек за 6,5 проценти на годишно ниво во вториот квартал. По двете намалувања од страна на ЕЦБ, банкарите очекуваат каматните приходи да се намалуваат со текот на времето, но сметаат дека тие треба да останат над нивоата постигнати пред зголемувањето на каматите.
Европа лидер на пазарот на одржливи обврзници
Во првата половина на 2024 година глобалниот пазар на одржливи обврзници продолжи да бележи значителен раст, и покрај економската неизвесност и предизвикувачките финансиски услови.
Според извештајот на „Клајмат бондс“ (Climate Bonds Initiative - CBI/ЦБИ), вкупниот обем на издадени зелени, граѓански, одржливи и обврзници поврзани со одржливост (GSS+/ГСС+) достигна 554 милијарди долари, што претставува раст од седум проценти во однос на истиот период во 2023 година.
И покрај зголемените глобални каматни стапки и растечката неизвесност на пазарот на капитал, одржливите обврзници продолжуваат да привлекуваат инвеститори. Зелените обврзници сочинуваат најголем дел од вкупниот обем на ГСС+ обврзници со 70 проценти, достигнувајќи 385,1 милијарди долари.
Дали сега е добро време за купување акции на НЛБ?
Вредноста на акцијата на НЛБ падна за повеќе од пет проценти во изминатиов месец, иако се појавија неофицијални информации за нова потенцијална цел за преземање. Аналитичарите, без исклучок, сметаат дека е добро време за купување на акциите на НЛБ, а ценовната цел за 12 месеци ја поставија во просек за 36 проценти над сегашната вредност.
Кога се дозна дека го пропуштиле прагот за преземање на акциите на „Адико банка“, со голема разлика, претседателот на НЛБ Блаж Бродњак рече: „НЛБ останува посветена на понатамошен развој на бизнисот и имплементација на нова деловна стратегија, вклучително и можноста за други преземања“.
Во последно време неофицијално се зборува дека НЛБ може да се обиде да ја преземе австриската „Рајфајзен банка“. Во регионот Адрија, најголемата подружница на „Рајфајзен“ според вкупната актива е токму во Хрватска.