Какви се најновите трендови на берзите во регионот Адрија, кои берзански индекси имаат најголем раст, какви се приносите на обврзниците издадени од одделни земји и што може да се очекува на пазарите на капитал во иднина ќе можете да прочитате в понеделник, во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, откриваме какви се плановите за движење на јавниот долг во Македонија и како ќе се финансира.
Истражуваме каква е состојбата во филмската индустрија во регионот и во Македонија, колку се вложува во продукција на нови филмови и што е потребно за развој на таа дејност.
Анализираме кои компании се најзадолжени во Македонија односно кон кои сектори банките имаат најголема кредитна изложеност. Истовремено, презентираме каква е состојбата со нефункционалните кредити кај домаќинствата, особено кога станува збор за кредитните картички.
Откриваме што мислат аналитичарите во однос на прашањето каде да се инвестираат 10.000 евра и анализираме на што се должи зголемениот број на поткасти водени од финансиски аналитичари. Презентираме какви насоки се даваат во таканаречениот водич за разбирање на вештачката интелигенција.