Поранешниот боксер Флојд Мејведер постигна договор за купување на портфолио за пристапни станови за живеење во Њујорк вредно 402 милиона долари, што е значајна трансакција за пазарот на недвижности кој главно беше забавен поради повисоките трошоци за позајмување.
Поголем дел од над 60 објекти кои се купени се наоѓаат во горниот дел на Менхетен, според лице запознаено со случајот, кое побарало да остане анонимно поради доверливите информации.
Претставник на продавачот, БСМ (Black Spruce Management), одби да даде коментар. Мејведер го потврди договорот на Твитер, но портпаролот на боксерот не одговори веднаш на барањето за коментар.
Оваа трансакција е значајна за пазарот на недвижности во Њујорк. Зголемените каматни стапки во 2022 година ги забавија трансакциите, бидејќи сопствениците се соочија со повисоки трошоци и пад на цените. Но, пазарот на комерцијални недвижности во САД започна да се стабилизира како резултат на намалените трошоци за позајмување, што помогна да се зголеми индексот на цени за три отсто оваа година до септември.
Мејведер и претходно инвестирал во пазарот на недвижности, вклучувајќи го и фондот за гостопримство управуван од ЦГИ (CGI Merchant Group).