Германија запаѓа во сериозна политичка криза откако германскиот канцелар Олаф Шолц го отпушти министерот за финансии и со тоа го разниша мнозинството на трипартиската владина коалиција. Тој повика на брзи избори во март 2025 година и обелодени дека главните несогласувања со коалициските партнери се околу економските политики. Со оглед на тоа што Германија е најголем трговски партнер на Македонија и мотор на економијата на Европската Унија, прашуваме како политичката криза во оваа земја би можела да влијае врз македонската и европската економија.
Вредноста на доларот покажа заби по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, што е доволна причина да анализираме како би можело да влијае тоа во Македонија, особено во банкарскиот сектор и на јавниот долг. Откриваме и до каде се Македонија и земјите во регионот во однос на обврските за поврзувањето на енергетските пазари со европскиот.
Анализираме какви придобивки би можела да има Македонија од развој на археолошкиот туризам, дали и колку во земјава функционира вработувањето преку таканаречениот хед хантинг и ги скенираме деветмесечните резултати на компаниите од Македонската берза.