Мерката гарантирана цена важеше до 31 октомври. Инфлацијата во октомври засилено забрза. Од 2,6 во септември, минатиот месец се искачи на 3,5 отсто. Ова е втор последователен месечен раст на инфлацијата, а пониска стапка од оваа статистиката претходно забележала во мај. Што не чека во ноември, со оглед на тоа дека владините мерки за замрзнување на цените на основните производи веќе не важат, официјално ќе видиме за еден месец. Неофицијално, ги чувствуваме со секое влегување во продавница.
Се исплати ли да купите стан за да го издавате? Пресметките велат не
Просечната цена на становите во некои скопски општини пораснала и за повеќе од 50 проценти во последниве три години, како што пишуваше неодамна „Блумберг Адрија“, а во последниве пет години и за повеќе од 70 проценти. Но, просечната цена на закупнината на становите, односно кириите, не го следи истото темпо.
Според специјализираниот интернет портал за следење на цените на недвижностите, www.cenakvadrat.com, цените за изнајмување на становите во Скопје во последниве три години во просек пораснале за максимум 40 проценти, и тоа во поатрактивните населби, Центар, Карпош и Аеродром. Па, така, ако во 2021 година, просечната месечна кирија за стан од 50-тина квадратни метри во Центар била околу 260 евра, сега изнесува околу 350 евра (пораст од 35 проценти), во Аеродром кириите поскапеле од 240 на 330 евра (+37 проценти), а и во Карпош се приближно истите цени. Цените варираат во зависност од големината на становите, се разбира, па за поголеми станови во Центар, од 70 квадратни метри па нагоре, кириите се движат од 450-500 евра за ненаместени, па сè до преку 1.000 до 1.200 евра месечно за наместени станови од со квадратура од 120 до 130 квадратни метри.
Произведуваме зелен челик, а старо железо снемува драматично
Глобалната понуда на старо железо ја губи битката со зголемената побарувачка. Според последниот извештај на „Бостон консалтинг груп“, кризата се создава подолг период, а во наредниот период ќе се интензивира. Анализата покажува дека во следните неколку години глобалната побарувачка ќе се зголеми за 3,3 отсто, а понудата ќе расте побавно, со стапка од 3 отсто.
Зголемената побарувачка ќе се должи на тоа што старото железо ќе стане клучна суровина за челичната индустрија, чија цел е да ги намали емисиите на јаглерод. За илустрација, денес отпадното железо е вклучено со 35 отсто во производство на челик на глобално ниво, до 2030 година овој процент ќе стигне до 50 отсто.
Ново намалување на каматните стапки во САД
Банката на федерални резерви (Фед) ја намали референтната каматна стапка за 25 процентни поени, поддржувајќи ги напорите да се одржи американската економска експанзија на цврста основа.
Официјалните лица едногласно гласаа за намалување на стапката на федералните фондови на опсег од 4,5 до 4,75 отсто. Приспособувањето следува по поголемото намалување од половина поен во септември.
НБРМ ги намали проекциите за раст на 2,3 отсто, со инфлација од 3,5 проценти
Инфлацијата за годинава останува на претходните проекции од 3,5 отсто, додека во текот на следната година ќе изнесува 2,5 проценти, покажуваат есенските проекции на Народната банка (НБРМ). Оттаму очекуваат натамошно забавување на инфлацијата.
„Најновите оцени го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 проценти во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања, пред сè како резултат на споредбената основа. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 отсто, што е мала нагорна ревизија во однос на април, при оцени за поголема инерција кај дел од ценовните категории“, објавија од Народната банка.
Годинава е на пат да стане најтоплата досега
Годинава ќе биде најтоплата досега и првата што ќе ја надмине целта поставена на Париската конференција за климата во 2015 година, според податоците на Европската Унија.
Температурата во 2024 година веројатно ќе биде повеќе од 1,55 Целзиусов степен над прединдустриското ниво, соопшти Службата за климатски промени „Коперник“ (Copernicus) во четвртокот. Историскиот Париски договор повикува на намалување на емисиите на јаглерод диоксид со надеж за ограничување на глобалното затоплување на 2 Целзиусови степана (3,6°F), или идеално 1,5 Целзиусов степен, над температурите од почетокот на индустриската револуција.