Инфлацијата за годинава останува на претходните проекции од 3,5 отсто, додека во текот на следната година ќе изнесува 2,5 проценти, покажуваат есенските проекции на Народната банка (НБРМ). Оттаму очекуваат натамошно забавување на инфлацијата.
„Најновите оцени го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 проценти во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања, пред сѐ како резултат на споредбената основа. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 отсто, што е мала нагорна ревизија во однос на април, при оцени за поголема инерција кај дел од ценовните категории“, објавија од Народната банка.
На среден рок (2026-2027), НБРМ очекува стабилизирање на нивото на инфлација на околу два отсто, при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка.
Прочитај повеќе
Инфлацијата повторно се разгорува, потребни се нови мерки
Цените во октомври пораснале за 3,5 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
07.11.2024
Народната банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,8 проценти
Според централната банка, одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата.
23.10.2024
ММФ: Раст на македонскиот БДП од 3,6 отсто в година
За Србија и за Косово се предвидува највисок раст на БДП од над 4 проценти.
22.10.2024
Ноќевањата за една година поскапеле за 21 отсто, лебот за 5,2 отсто
Храната е поскапа за 2,1 отсто, а најголемо покачување на цените има кај лебот, дури за 5,2 проценти.
05.11.2024
Како и зошто банките ја зголемуваат националната референтна каматна стапка?
Националната референтна камата е на највисоко ниво од 2018 година.
25.10.2024
Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, кои се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.
Народната банка ги намали проекциите за економскиот раст
Од НБРМ велат дека во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија. Сепак, најновите проекции упатуваат на малку послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година, во споредба со априлските согледувања, а на среден рок оцените за растот се непроменети.
„За годинава економскиот раст е проектиран на 2,3 проценти, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, во периодот 2026-2027 година, се очекува натамошно забрзување на растот во согласност со очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни“, велат од НБРМ.
Банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка
До крајот на 2024 година се очекува дека кредитниот раст ќе биде стабилен и ќе изнесува 7,5 отсто. Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2 проценти за периодот 2025-2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидносна позиција на банките.
„Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година се очекува солиден годишен раст на депозитите во просек од 7,9 проценти, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7 отсто“, прогнозира Народната банка.
Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка започна со претпазливо нормализирање на монетарната политика.
„Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците што сѐ уште постојат и, како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност“, информираат оттаму.